10.8 C
Скопје
01:58 - 24 април, 2024

2000 милиграми витамин Ц дневно за заболените од ковид-19

Општо е познато дека лек против коронавирусот не постои, а лекарите ширум светот лекуваат пациенти од ковид-19 со постоечките медицински помагала како што се антибиотици (хемомицин, пансиф), антивиротици (ремдесивир) и антипиретици (парацетамол).

Симптомите на вирусот се треска, сува кашлица и останување без здив, а медицинските лица советуваат луѓето да се изолираат штом ќе ги добијат првите симптоми и да се консултираат со лекар за понатамошните чекори во третманот.

Како дел од терапијата пациентите добиваат еден суплемент кој е клучен во опоравувањето од вирусот – станува збор за витамин Ц кој се дава во големи дози.

Пациентите кои се инфицирани од ковид-19, во текот на еден ден треба да внесат дури 2.000 милиграми витамин Ц (2 х 1.000 милиграми, наутро и навечер).

За да може нашиот организам да се одбрани од бактерии и вируси, како и да се зачува стабилноста на клетките на имунолошкиот систем, неопходен е витаминот Ц – ваквиот став го застапуваат и лекарите во Кина кои ја забележале предноста на овој антиоксиданс за време на пандемијата.

Во Кина на самиот почеток од пандемијата, повеќе од 50 пациенти успешно се излечиле од коронавирус со витамин Ц.

Д-р Енкиао Мао од болницата во Шангај повеќе од 10 години користи високи дози на витамин Ц кај пациенти со акутен панкреатитис, сепса и многу други состојби. Тој како и останатите лекари, користел витамин Ц кај пациенти со Коронавирус.

Д-р Енкиао Мао од главната болница во Шангај повеќе од 10 години користи високи дози витамин Ц кај пациенти со акутен панкреатитис, сепса и други состојби. Тој како и многу други доктори користел витамин Ц кај заболените од коронавирусот.

Вели дека овие пациенти се опоравиле 3 до 5 дена побрзо од оние кои не примале витамин Ц – а, што е најважно немало контраиндикации кај луѓетп од високите дози на овој витамин.

И лекарите во Њујорк, кај критично болни пациенти даваат големи дози на витамин Ц – пишува Дејли мејл.

Д-р Ендру Вебер, пулмолог од Лонг Ајленд, вели дека веднаш на пациентите на интензивна нега им давал интравенозно 1.500 милиграми витамин Ц.

– На овие пациенти им се даваат исти дози од моќниот природен антиоксиданс три или четири пати“.

Пациентите кои примале витамин Ц постигнале значително подобар резултат, од оние кои не примале витамин Ц – објаснува лекарот за Њујорк пост.

Клиничкото испитување на ефективноста на интравенскиот витамин Ц кај пациенти со коронавирус започна на 14 февруари во болницата Жонгнан во Кина. Се очекува да биде завршено во септември, според информациите дадени од Националната библиотека за медицина на САД.

 

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....