Доктор Елена Арсова, трихолог: Косата опаѓа по прележан ковид-19

Тешките инфекции како ковид-19 предизвикуваат физиолошки стрес на нашето тело што резултира во нарушување на циклусот на растот на косата и со појава на телоген ефлувиум.

Косата е важен дел од изгледот на секоја личност и се смета за еден од симболите на убавината. Бујната коса полна со волумен е знак на здравје и младост, додека аналогно на тоа, губењето на косата влијае врз психосоцијалниот статус и на квалитетот на животот.

Мал број дерматолошки состојби предизвикуваат толку емотивни проблеми како опаѓањето на косата, како кај мажите, така и кај жените, објаснува д-р Елена Арсова, трихолог и менаџер на „Hair Clinic Beograd“.

Причини за опаѓање на косата

Како и кај секој медицински проблем, во случај на пациент што се жали на опаѓање на косата треба се земе сеопфатната медицинска и фармаколошка анамнеза, да се направи дермоскопски преглед на косата и на скалпот и соодветни лабораториски анализи, за да се утврди причината за опаѓањето на косата.

Предуслов за давање соодветна терапија е разбирањето на патолошката динамика на опаѓањето, како и на потенцијалните причини за опаѓање на косата. Откако ќе се постави точна дијагнозата, со адекватен третман ќе се стави под контрола опаѓањето на косата.

Нашето влакно има циклус на раст што се состои од три фази, фаза на растење (анагена), фаза на мирување (катагена) и фаза на опаѓање (телогена). Во кој било момент, 10 отсто од нашата коса е во телогена фаза, фаза на опаѓање што одговара на секојдневното опаѓање на косата до 100 влакна. Во нормални услови, во моментот на опаѓањето на едно влакно, веќе е формирано ново и го заменува паднатото влакно.

Но, во одредени ситуации, дури 30 отсто од нашата коса може да влезе во телогена фаза. Како последица на тоа, опаѓањето на косата достигнува до 300 влакна на ден, а притоа косата не се обновува нормално. Овој вид опаѓање на косата се нарекува телоген ефлувиум (telogen effluvium). Причините за појава на телоген ефлувиум се многубројни, а најчести се големите операции, породувањето, лековите, диетите, емоционалниот стрес и тешките инфекции.

Телоген ефлувиум најчесто трае три месеци

Во последниот месец, во нашата практика се соочуваме со сè повеќе случаи на телоген ефлувиум по прележана инфекција со коронавирусот. Независно од тежината на симптомите што ги имале пациентите, ковид-19 има големо влијание врз организмот и врз имунолошкиот систем. Тешките инфекции како ковид-19 предизвикуваат физиолошки стрес на нашето тело што резултира во нарушување на циклусот на растот на косата и со појава на телоген ефлувиум. Освен физиолошкиот стрес, нашите пациенти страдаат и од голем емоционален стрес, поради стравот од непозната инфекција и ограничените можности за лекување. Тоа е дополнителна причина која влијае на опаѓањето на косата.

Телогениот ефлувиум најчесто трае 3 месеци, по што опаѓањето се смирува и почнува растот на нова коса. Но, за да се обнови косата, потребни се 3-6 месеци и потребна е стрпливост додека чекаме да се обнови косата. Во најголемиот број случаи, телогениот ефлувиум не остава трајни последици врз косата и не треба да се грижиме премногу за регенерацијата на косата. Иако опаѓањето е многу интензивно, нашата коса има потенцијал сама да се обнови. Ако забележите дека вашата коса не се обновува во наведената временска рамка, тогаш треба да реагирате и да се обратите кај лекар. Исто така, во случај на постоење на проретчување на косата пред појавата на телоген ефлувиум, тогаш косата нема да се обнови нормално и неопходно е да се консултирате со специјалисти за коса.

Со навремен третман можеме да го стопираме понатамошно губење на косата, да го намалиме моментното опаѓање и телогениот ефлувиум да го ставиме под контрола. Со понатамошни стимулативни третмани, овозможуваме повторно растење на косата и враќање на нормалната густина на косата.

Слични објави

Ослабете 2 килограми за само 1 ден – Еве како…

Igor

Лозано освои награда на MAC: Го најавија дека доаѓа од Северна Македонија, но веднаш ги поправи!

Еспресо

Емина Јаховиќ не била никогаш посреќна: Седна на подот и со насмевка се радуваше на изненадувањето (ФОТО)

Васко Спасоски

Коприва, просо и сусам за зголемување на железото во крвта

Igor

„За љубов се пее до крај“: Објавена компилација од најдобрите хитови на прерано починатиот Влатко Илиевски!

Васко Спасоски

Кои симптоми откриваат дека мора да ја проверите состојбата на тироидата

Слободен Печат

Остави Коментар

петнаесет + осум =

Слични објави

На српската водителка бубачка ѝ прошета по вратот во емисија во живо, а таа мртва ладна

Еспресо

Првиот ангажман на Меган Маркл во САД: Мотивациски говор за дамите

Еспресо

Колку калории трошиме со зимските спортови?

Слободен Печат

Работењето за викенд лошо влијае на психичкото здравје

Igor

Се огласи пејачката Тања Савиќ по видеото на кое нејзиниот сопруг се бакнува со друга жена! (ФОТО)

Васко Спасоски

Пејачката позната по скандалозното однесување призна: Половина година сум трезна

Еспресо