21.8 C
Скопје
16:02 - 24 април, 2024

Дали и кога ќе има втор бран на ковид-19?

Научниците од Харвард минатата недела во стручниот магазин „Сајенс“ предупредија дека до 2022 година ќе искусиме смена на неколку пандемски бранови.

Кога ќе дојде вториот бран?

Луѓето размислуваат за вториот бран на ковид-19 во смисла на сезонскиот грип што се враќа во зима. Не знаеме дали постои сезона кај новиот коронавирус, но може да замислиме дека кога ќе се вратиме во нормален живот, можеби преку летото, бројот на случаи на ковид-19 повторно ќе се зголеми, изјави за „Тајмс“ професор Робин Шаток од Империјал колеџот во Лондон.

Дека годината следува уште еден бран на ковид-19, убеден е и еден од водечките кинески инфектолози, проф. Занг Венхонг од Универзитетот Фудан во Шангај. Тој смета дека короновирусот нема да исчезне ова лето, туку веројатно дека наесен ќе дојде до повторно избивање на епидемија со ковид-19.

Дали доаѓаат и други зарази во бранови?

Заразните болести се однесуваат на различни начини. Но, пандемијата на шпанскиот грип во 1918 година, која усмрти помеѓу 50 и 100 милиони луѓе, се смета за клучен пример, бидејќи се одвивала во три брана до 1920 година, од кои вториот бил најсмртоносен.

И останатите две пандемии на грип во 20 век, во 1957 и во 1968 година, го „напаѓале“ човештвото во бранови. Пандемијата на свински грип (Х1Н1) започна во април 2009 година во Мексико, за да во САД и во Европа следуваше втор бран наесен. Но, од друга страна, имаме пример на САРС (тежок акутен респираторен синдром), кој се појави во 2003 година во Кина, се рашири во некои земји во нејзиното опкружување и во Канада, починаа 800 од 8.000 заразени луѓе, а потоа налето истата година исчезна.

Дали постојат докази дека коронавирусот се враќа во некои земји?

И покрај очигледниот успех на Кина во ставањето на болеста под контрола, во тешко погодената провинција Хубеи, неодамна е забележан пораст на случаи со зараза со ковид-19. Сингапур, кој беше фален поради ефикасниот одговор на инфекцијата, сега исто така бележи нагло растење на заболени од ковид-19.

Иако Сингапур воспостави силен систем на барање контакти на заразените лица во општата популација, болеста повторно се појавила во делови на лоши хигиенски услови каде што живеат работници од странство. Во понеделникот во Сингапур се евидентирани дури 1.462 нови случаи, поради што земјата воведе строги карантински мерки. Внимание привлекува и помалиот пораст на бројот на инфекции во Германија, која исто така успешно се справува со пандемијата на ковид-19.

Зошто се загрижени научниците?

Заканата од некои болести се намалува кога чувствителноста на населението на болеста ќе опадне под одреден праг, кога се стекнува „колективен имунитет“ или кога е достапна вакцина.

Иако за ковид-19 во последниве месеци се објавија безброј научни студии, сѐ уште не се располага со најмоќното оружје против него, а тоа се ефикасни лекови и вакцина. Ниту научниците сѐ уште не знаат колку вкупно лица стекнале имунитет на ковид-19 откако ја преболеле заразата. Не се знае ниту колку долго тој имунитет ги штити реконвалесцентните пациенти.

Размерот на чувствителни и имуни поединци во популацијата на крајот од еден бран ја одредува потенцијалната сила на следниот бран. Но, со оглед на тоа што за реалната стапка на заразата се шпекулира, сите држави и понатаму се многу ранливи на повторниот раст на бројот на заразени.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....