5.8 C
Скопје
07:13 - 20 април, 2024

Чоколадно млеко, сок од брусница, вода во шише… Најнездравите пијалaци на светот

Повеќето од нас пораснаа со газираните пијалаци, кои беа sвезда на секој оброк или прослава.

Денес, родителите се чувствуваат виновни ако им понудат на децата вакви пијалаци… И во право се!
Слатките и газирани пијалаци станаа непосакуван гостин на масата, па денес и мошне помалку се пијат, а нивната потрошувачка се намалува од година во година.

Чоколадно млеко

Освен ако не го консумирате веднаш по интензивен тренинг, имајте на ум дека не станува збор за пијалак што е целосно безопасен – едно шише со овој пијалак содржи околу 21 грама шеќер плус засилувачи на вкусот.

Сок од брусница

Дали знаете дека ова овошје има мошне малку калории и е неописливо здраво? Па, како може такво нешто да се претвори во нешто нездраво? Токму поради киселкастиот вкус на сокот од брусница, производителите додаваат многу шеќер за да го направат сокот.

Пијалаци од портокал

Исто како што постои лажно сирење, сокот од портокал честопати не е како што очекувате – тоа е мешавина од вода и густ сладок сируп и малку концентрат на вистински сок, масло и други хемикалии. Јасно е дека во овој сируп нема здравствени придобивки.

Сок од домати

Доматите се богати со антиоксиданти, но сите придобивки од овој пијалак се губат откако ќе се внесе во шише. За да ги направат доматите ароматичен пијалак, производителите додаваат натриум па се претпоставува дека во една чаша таков сок во себе внесувате 30 отсто од дневната препорачана доза на натриум.

Голема чаша кафе

Додека чаша или две кафе можат да направат добро за вашето здравје, размислете дали вашиот прв пијалак наутро е чаша од 2 дл полн со овој пијалак затоа што, според експертите, коските слабеат и може да станат кршливи. Возрасен човек треба да внесува околу 400 мл кафе на ден, а повеќе од тоа може да предизвика остеопороза, потенцираат експертите.

Вода во шишиња

Проблемот е добро познатиот „негативец“ на БПА (бисфенол А), хемиска компонента што ги имитира хормоните и се наоѓа во многу пластични предмети. Според некои студии, оваа хемикалија може да влијае врз развој на рак и врз плодноста.

Кафе во лименки

Да го истакнеме очигледното: Пред да купите кој било производ, прочитајте што пишува на етикетата. Во случај на кафе во лименка, многу производители ќе додадат многу шеќер и млеко за да го направат пијалакот повкусен.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....