Будистички принципи кои целосно можат да ви го променат животот

Застанете, вдишете, слушајте… Пред сè, слушајте го своето срце и овие 5 животни будистички принципи кои можат да ја подобрат вашата свест и да ви помогнат да ја пронајдете вистинската среќа:

Консумирајте свесно

Секогаш треба да знаете точно со што го храните вашето тело и бидете благодарни за виталноста што ви ја дава добрата храна.

Секогаш разгледајте ги вашите одлуки пред да купите нови материјални предмети. Запрашајте се дали навистина ви се потребни или дали желбата да ги имате е минлива.

Обрнете внимание на кои информации и за какви цели ги користите. Дали тие ви помагаат да растете и да станете помудри? Или, само ви го одвлекуваат вниманието и ви носат негативна енергија?

Застанете. Вдишете. Слушајте.

Внимателно бирајте ги зборовите што ќе ги кажете. Пред да кажете нешто набрзина, застанете и размислете. Каде ќе водат твоите зборови? Што ќе посеат – кавга или љубов?

Слушајте ги луѓето со кои живеете и соработувате. Ако, додека комуницирате со другите, вие не само што зборувате, туку и слушате, тогаш ќе создадете можност за заемна емоција, разбирање и толеранција.

Вежбајте благодарност

Ако редовно вежбате свесна благодарност, ќе успеете во животот да го привлечете она што го сакате. Кога сте благодарни, се поврзувате со своето битие, ја подобрувате вашата самодоверба и ја потврдувате својата вредност.

Бидете подеднакво благодарни на судбината и за можностите и за предизвиците. Практиката на благодарност во никој случај не е негирање на животните проблеми и неволји. Живееме во бурни времиња и нема сомнение дека секој од нас се соочува со многу искушенија, предизвици и фрустрации. Увидот што ви дава благодарност ве ослободува и од чувството дека сте изгубени и од идентификацијата со негативниот или позитивниот аспект на животот, овозможувајќи ви едноставно да живеете.

Негувајте сочувство и љубезност

Забележете ситуации кога вашата помош е потребна и обезбедете ја без одлагање. Обидете се да ги сведете на минимум страдањата секогаш кога можете. Обидете се да ги разгледате животните ситуации не само од ваша, туку и од туѓа гледна точка. Ако не можете да ги слушате туѓите проблеми со соодветно сочувство и трпеливост, тогаш тоа е најверојатно затоа што сè уште не сте се потрудиле да го слушате крикот на сопственото срце.

Прифатете секаква промена

Нестабилноста и промените се суштинските вистини на нашето постоење. Живејте во сегашниот момент и движете се со текот на животот. Некои промени може да изгледаат како најголеми предизвици во моментов, но по некое време ќе сфатите дека тие всушност биле благослови.

Слични објави

ПРИРОДЕН РЕЦЕПТ: Мед и лук за подобар имунитет

Еспресо

ИСТРАЖУВАЊЕ: Луѓето кои јадат повеќе млечни масти имаат помал ризик од срцеви заболувања

И. Т.

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 24 СЕПТЕМВРИ: Некои разговори можат да придвижат нови интереси

И. Т.

Кој е индискиот гуру Моханџи чии следбеници се Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена

И. Т.

ШТО ЗНАЧИ КОГА СОНУВАТЕ ДЕКА ПАЃАТЕ: Психолозите имаат објаснување

И. Т.

(ВИДЕО) СЕВЕРИНА Е БЕСТРАШНА: Ми рекоа дека тоа можело да ме убие

И. Т.
Се вчитува....