10.8 C
Скопје
07:12 - 25 април, 2024

5.000 чекори за преживување, 10.000 за квалитетен живот

Спроведено е истражување што покажало дека поради пандемијата со ковид-19, дошло до огромен пад на активноста на луѓето.

По само 30 дена телесна неактивност доаѓа до значајно слабеење на функцијата на срцето и на крвните садови, се нарушува метаболизмот на гликозата, се намалува густината на коските и количината на мускулите, истакнуваат лекарите.

Според нив, постои стручен консензус дека минималната количина на движење во денот е околу 5.000 чекори, а 10.000 чекори се сметаат за оптимална количина на движење. Со други зборови, 5.000 чекори за преживување, 10.000 чекори за квалитетен живот.

Изминативе неколку месеци се наоѓавме во маѓепсан круг на намалена телесна активност, која го слабее организмот и така нѐ прави подложни на заразни болести. Таа иста телесна неактивност нѐ води и кон хроничните незаразни болести поради кои во оваа пандемија можеме да бидеме животозагрозени.

По две недели неактивност значајно опаѓа максималниот внес на кислород. Ако оптоварувањата доаѓаат во вистинско време, адаптацијата ќе биде позитивна.

Еве неколку препораки за да почнете со позитивното адаптирање:

– Обидете се секои 30-60 минути седење да ги прекинете со куси станувања и истегнувања.

– Засакајте ги скалите: 10 ката дневно за почетници, а 20 и повеќе катови за напредни.

– Во случај на долго седење или лежење, направете неколку вежби за мобилност и активирање на мускулите што ве држат исправени.

– Секој ден со вежбање придвижете ја фреквенцијата на срцето, начинот и траењето приспособете ги на моменталната телесна форма.

– Вклучете вежби за дишење.

– Водете сметка за балансирана исхрана, внесувајте течности и имајте квалитетен сон.

Доколку во овој период имате намалена активност, ова е идеално време за промена и за кревање на нивото на активност. Нашето тело е машина што специфично реагира на стимулансот така што му се приспособува. Во случај на активност, телото гради или одржува мускулна или коскена маса во зависност од тежината на стимулансот и неговата фреквенција. Истото важи и за кардиоваскуларниот систем.

Почнете го денот со вежби во времетраење од 10 минути за мобилност. Обезбедете си минимално 5.000 чекори во текот на денот, на пример, ако телефонирате, одејќи по станот во минута направете околу 80 чекори.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....