14.8 C
Скопје
11:16 - 24 април, 2024

11 знаци кои покажуваат дека имате коронавирус!

Бројот на инфекции со коронавирус расте низ целиот свет. Постојат бројни симптоми пријавени од оние кои го прележале вирусот, вели американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Периодот на инкубација обично трае пет до шест дена, но луѓето кои биле изложени на инфекцијата забележале некои симптоми по само два дена.

Порталот „Јади ова, а не тоа“ ги наведе симптомите.

  1. Губење на вкус

    Гастроентерологот Амир Масу вели дека губењето на вкусот е еден од првите симптоми на инфекција со коронавирус. Може да се појави веќе два дена откако сте се соочиле со вирусот и може да трае со месеци откако ќе се опоравите.
  2. Губење на сетилото за мирис

    Покрај вкусот, д-р Масуд вели дека луѓето заразени со ковид-19 може да доживеат губење на сетилото за мирис. Доколку се појави овој симптом веднаш јавете се на лекар.
  1. Дијареја

    Иако поретки од губење на вкус и мирис, дигестивните проблеми може да бидат и ран знак на инфекција. Една од нив е дијареја.
  2. Гадење

    Друг гастроинтестинален симптом на инфекција е гадење, открива д-р Масуд.
  3. Подуеност во стомакот

    Според студијата објавена во списанието ЈАМА, 68% од заразените испитаници ја навеле надуеноста како еден од првите симптоми.
  1. Сува кашлица

    Повеќе од 60% од заразените идентификувале сува кашлица како еден од првите симптоми.
  2. Треска

    Треската е знак дека телото се бори против инфекцијата, а според истражувањето се случило кај повеќе од 55% од заразените. Сепак, треба да се има предвид дека треската исто така може да биде знак на многу други болести што се јавуваат во сезоната на респираторни инфекции.
  3. Болка во телото и мускулите

    Болката во телото може да укаже на ковид-19. Овој симптом се јавил кај 45% од заразените субјекти.
  4. Главоболка

    Според истражувањето, една третина од заразените доживеале главоболка.
  5. Отежнато дишење

    Отежнато дишење е еден од симптомите на инфекција со коронавирус. Обично се појавува пет дена по инфекцијата, а студија објавена во „Лансер“ открива дека повеќето пациенти со овој симптом се примени во болница седум дена по заразувањето.
  6. Болки во грлото

    Приближно една третина од заразените со коронавирус пријавуваат болки во грлото. Сепак, може да биде и резултат на сува кашлица што го иритира грлото.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....