13.8 C
Скопје
16:33 - 25 април, 2024

Зошто им се враќаме на поранешните партнери?

Сите ја знаеме познатата изрека дека љубовта е слепа, а иако знаеме дека грешиме, сепак кога е љубовта во прашање, тоа го правиме повторно и повторно. Така е и со поранешните партнери. 

Еве неколку причини зошто им се враќаме на поранешните партнери:

Полесно ви е бидејќи ги познавате

Враќањето на поранешниот партнер е најлесната работа која може да ја направите. Важиот партнер ги знае вашите желби, навики или маани, па се враќате на она што веќе го познавате.

Навикнати сме на она што може да ни се случи со него/неа, па нема да се изненадиме. Го знаете и фактот дека повторно ќе бидете повредени, но се однесувате како да немате проблем со тоа.

Осаменоста е тешка

Раскинувањето не е едноставен процес. Одеднаш останувате сами, а личноста којашто секогаш ви била рамо за плачење повеќе не е до вас.

Постојано се сомневате во одлуката која сте ја донеле, размислувајќи за вашите среќни и убави моменти и работите кои вашиот партнер ги направил за вас, занемарувајќи ги лошите работи и причината за раскинување.

Сè уште имате емоции кон таа личност

Раскинувањето е драматичен и тежок период. Ефектите од раскинувањето можат да траат поголго време – додека да го преболите партнерот или додека да му се вратите.

Кога сте оддалечени од партнерот ги идеализирате убавите спомени и ги занемарувате лошите. Ги поттиснувате негативните чувства за да се заштитите од трауми.

Слични објави

Почина модниот дизајнер Роберто Кавали, кралот на животинскиот принт

еспресо

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо
Се вчитува....