20.8 C
Скопје
17:48 - 28 март, 2024

За секоја пофалба: Вака изгледа Деми Мур на 57 години без шминка! (ФОТО)

Актерката Деми Мур и нејзината ќерка беа помеѓу гостите на забава во Холивуд, на која главното правило е сите присутни да не носат шминка.

Забавата ја организираше Гвинет Палтроу, а Деми на овој настан се појави со својата ќерка Рамер Вилис (31).

Деми во оваа прилика облече ролка без ракави, но она што сите го забележаа е колку всушност таа изгледа убаво без шминка на 57 години!

Додека заводливата актерка на Инстаграм се пофали со оваа вечера, пишувајќи дека се чувствува среќно и задоволно, Мур додаде и дека „убавината е многу повеќе од она што го гледаш, тоа е она што го чувствуваш“.

Можеби убавината навистина не е само она што може да се види, но на нејзините следбеници на Инстаграм ќе им биде доволно и само она што ќе можат да го видат, па во коментарите сите ја пофалија актерката дека изгледа преубаво.

„На ниту една од дамите на фотографијата не и е потребна шминка, изгледате прекрасно“, гласи еден од коментарите на сликата која ја објави Деми Мур, а на која позира со Гвинет Палтроу и Александра Грант, девојката на Кијану Ривс.

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....