Внесете свежина во спалната – Еве како повторно да ја разгорите страста помеѓу вас и вашиот партнер

Без разлика дали барате идеи за да ги зачините нештата во креветот или пак, само сакате да пробате нешто ново, следен пат фокусирајте се на предиграта и брзо ќе забележите дека нештата стануваат многу позабавни од претходно.

Одложувањето на самиот сексуален акт ќе направи да копнеете еден за друг и крајните резултати ќе вредат за чекањето! Обидете се со овие 4 видови предигра за да ги достигнете најжешките моменти меѓу вас двајца!

1. Носете секси долна облека

Следен пат кога ќе се договорите да одите на вечера во ресторан, облечете нешто секси под вашата вообичаена облека. Не му кажувајте ништо на партнерот се додека не сте во автомобилот, на неколку минути од ресторанот. Тогаш дискретно покажете му што го очекува кога ќе се вратите дома и натерајте го да чека цела вечер за да го види и останатиот дел.

2. Направете игра

Почнете да се бакнувате и да се соблекувате еден со друг, но не дозволувајте си да скокнете веднаш на главниот акт. Обидете се да се мотивирате да издржите што е можно повеќе пред да се предадете и смислете казна за губитникот, односно за оној што прв ќе попушти.

3. Бањајте се заедно

Опуштете се по долгиот ден со пенлива купка или жежок туш заедно со вашиот партнер. На овој начин заеднички ќе ги измиете и сите оние стресови и тензии што се „залепиле“ за вас во текот на денот и ќе можете подобро да уживате во вашето присуство. Додајте свеќи околу кадата за романтична атмосфера или пуштете музика додека се бакнувате под тушот. На спалната соба може да ве чекаат чоколади со кои ќе се засладите по бањата, за дополнително да го одложите сексуалниот чин.

4. Заврзете ги очите на вашиот партнер

Нештата можат да бидат многу поинтересни ако ги затворите очите на партнерот со вратоврска или марама. Почнете да го/ја бакнувате по вратот, стомакот или кое било друго место, полека симнувајќи се надолу. Ако навистина сакате да го/ја воодушевите, држете ледена коцка во устата додека со бакнежите се спуштате надолу.

Слични објави

Превкусен мек шарен ролат: Ултрабрз десерт! (РЕЦЕПТ)

Еспресо

Дуа Липа го прекрши првото бјути правило на самоизолацијата (ФОТО)

Еспресо

РАМБО АМАДЕУС: Ако гледате шунд содржини, немојте да очекувате дека вашите деца ќе завршат на Сорбона

Igor

Џеј Зи објасни зошто со Бијонсе не станале додека се интонираше америкнската химна на Супербол (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Необични места во Европа кои морате да ги посетите (ФОТО)

Еспресо

Мајкл Даглас ги откри последните зборови на неговиот татко Кирк: Не знам дали се шегуваше! (ВИДЕО)

Еспресо

Остави Коментар

12 − осум =

Слични објави

Џејми Ли Кертис: Кирк Даглас ми го спаси животот! (ФОТО)

Еспресо

Били Ајлиш откри зошто повеќе не ги чита коментарите на социјалните мрежи

Еспресо

Научниците ги открија здравствените придобивки од редовниот секс

Igor

Џеј Ло во секси бикини на плажа: Го сними задникот одблизу, но и лицето без брчки (ВИДЕО)

Еспресо

Милош Биковиќ е најплатен актер во Русија: Објавено е колку заработува за само едно снимање!

Еспресо

Хоакин Феникс се штити: Ги дезинфицира рацете по точењето гориво (ФОТО)

Еспресо