22.8 C
Скопје
13:37 - 29 март, 2024

И ТИТО му бил фан: Кирк Даглас во Југославија прокоцкал 100.000 долари за една ноќ (ВИДЕО)

Јосип Броз Тито, кој бил голем обожавател на седмата уметност, пратил и приватен авион по актерот за него и неговата жена да ги донесе со во Југославија.

Ленгендарниот актер од холивуд, Кирк Даглас, почина во својата 103-та година, а многумина сега се присетуваат на занимливостите од животот на актерот, како што е неговата средба со Јосип Броз Тито, но и престојот во Југославија.

Profimedia

Актерот во своите мемоари пишувал за средбата со Јосип Броз Тито, кој бил голем обожавател на седмата уметност, па пратил и приватен авион по актерот за него и неговата жена да ги донесе со во Југославија.

„Бев во Југославија и сакав да се сретнам со претседателот Тито. Британскиот амбасадор ми рече: Мил мој, јас чекам веќе шест недели да ме прими претседателот Тито барем на 10 минути, да му предадам акредитиви. Немаш шанси.“, изјавил Кирк.

Profimedia

Според неговите зборови, тој набрзо излегол од канцеларијата на амбасадорот и се јавил во кабинетот на претседателот. Следното утро, Тито пратил приватен авион да ги пренесе Даглас и неговата жена до Љубљана, каде што разговарале и шетале цели 3 часа.

Profimedia

„Тој ги имаше гледано сите мои филмови, а омилен му беше „Пресметка кај ОК Корал“. Ми рече дека обожава да гледа филмови, бидејќи накратко му го одвлекуваат вниманието од проблемите со кои се соочува. Ручавме во неговата вила, пиевме вино и зборувавме за филмови“, изјавил Даглас во интервју со Роџер Еберт.

Profimedia

Даглас, легендата на американската кинематографија, зборувал и за средбата со британскиот амбасадор после тоа, кој бил бесен поради фактот што Кирк веднаш се видел со Тито, а тој дури и после шест недели не успеал.

„Вие поминавте 3 часа со Тито, а јас не можам ниту 10 минути. Ве молам кажете ми како ви успеа тоа?“, го прашал амбасадорот Кирк, на што тој му одговорил со едноставно прашање: „Господине амбасадоре, колку филмови сте снимиле вие?“

Profimedia

Миралем Турчало, келнер кој во хотел „Европа“ започнал да работи за Олимпијадата во 1984 година, раскажал интересни работи од животот на Кирк.

„Тој беше тука за Олимпијадата. Човек со пороци, но голем господин. Ја сакаше коцката. Прокоцка 100 илјади долари за една ноќ, и излезе од коцкарницата насмеан, нормален и расположен. Потоа дојде на вечерата, ги построи келнерите како војници и им подели по 100 долари. Сите го помневме како неверојатно добродушен“, раскажал Миралем.

Profimedia

Уште една приказна на која многумина се сеќаваат е онаа со несреќниот продавач на кебапи во Сараево, кој се обидел да го измами Кирк, наплаќајќи му го ручекот неверојатно скапо. Да бил попаметен, веројатно ќе добиел бакшиш кој ќе го памтел целиот свој живот.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....