Тинејџерка заработува и до 20.000 евра месечно од спонзори! (ФОТО)

Клои Хејмс има само 18 години и за себе вели дека е спонзоруша. Таа студира психологија, а триковите ги применува на мажите кои ја финансираат, опсипуваат со дизајнерски чанти, парфеми, пари. Таа на тоа гледа како на деловен проект кој ѝ овозможува да го плаќа своето скапо школување.

Освен што многу учи, таа посветува и многу време на мажите кои ја финансираат, па скоро никогаш нема слободно време. Всушност, Клои има дури 6 спонзори и многу детално разработен однос и барања од нив.

Instagram

Секој од спонзорите „должен“ е да ѝ плаќа од 1,500 до 3,000 фунти, да ја носи во шопинг, за посебни прилики да ѝ ги поклонува посакуваните подароци, да ја носи на вечера во врвни ресторани и на одмори на егзотични локации – како Лас Вегас и Азија.

Со секој од спонзорите се гледа од 2 до 4 пати месечно.

„За време на летниот одмор одлучив да се занимавам со ова, прво бидејќи ми беа потребни пари и тоа ми изгледаше како многу примамлива опција“, вели Клои.

Опишувајќи ги своите договори со мажите со кои се состанува на веб-страница специјализирана за оваков тип на контакти, таа објаснила:

„Обично барам адекватна месечна надокнада за да можам да го финансирам својот животен стил. Тоа варира од 1,500 до 3,000 фунти месечно од спонзор. За возврат, овозможувам одлична дружба и разонода за секој свој спонзор од 2 до 4 пати месечно“.

Зборувајќи за своите подароци Клои наведува:

Instagram

„Собрав луксузни предмети, вклучувајќи бројни дизајнерски чанти, чевли, часовници, облека и накит. Односите се стриктно платонски.“

Како најдобар дел од својот начин на живот, таа ја опишува финансиската слобода. Како најлош ги истакнува предрасудите на другите луѓе кои не разбираат како и зошто го прави тоа.

Сите ангажмани ми се потполно платонски и се базираат исклучливо на дружење. Во иднина би сакала да пронајдам вистинска врска и да се заљубам, но не во некој од спонзорите“, истакнуваа Клои.

Опишувајќи го својот типичен спонзор, вели дека има помеѓу 35 и 50 години, а најважен мотив му е да биде во друштво на убава жена, како и доживување на нови искуства. Вели дека од контактите учи навистина многу, посебно во работата за односи со луѓе.

Како започнување за разговор обично ја користи реченицата „Кажи ми една интересна работа за себе“. Вели дека тоа и овозможува подобро и побрзо запознавање и одлично го пробива ледот во комуникацијата.

На страниците за барање на спонзор, атрактивните и либерални жени можат да „заработат“ џепарлак колку што сакаат, а се се сведува на односи без обврски. Сепак, иако истакнува дека сексот не е задолжителен дел од односот, мнозинството мажи кои ги финансираат тие девојки, сепак тежнее кон тоа.

Слични објави

Наставник на учениците им дал тест во чест на Коби Брајант

Еспресо

Едита: Немам ништо против секс за една вечер, на секој може да му се случи! (ФОТО)

Васко Спасоски

Совршената врска на манекенката Софија Ричи и Скот Дисик стои на стаклени нозе!

Еспресо

Легендарната актерка го прослави 79 роденден, но ќе се шокирате како изгледа денес!

Васко Спасоски

Само еднаш се сретнале, а ова е суровата вистина која Грејс Кели тогаш и ја кажала на Дијана

Igor

За оние со подлабок џеб: МАРТИНИ БИКИНИ ќе бидат хит следното лето (ФОТО)

Igor

Остави Коментар

5 × 2 =

Слични објави

БОЛКАТА НЕ СЕ НАМАЛИЛА НИТУ ПО 20 ГОДИНИ: Цеца по смртта на Аркан не стапнува на ова место (ФОТО)

Igor

Бела чорба на МАКЕДОНСКИ начин

Igor

Модната формула на Џенифер Анистон, кралицата на минималистичкиот стил: Овие две работи никогаш не би ги носела! (ФОТО)

Еспресо

Принцот Хари и Меган Маркл се повлекуваат од кралското семејство!

Слободен Печат

Конечно да си ги скратите маките: Погледнете како може да го поправите патентот од вашето омилено парче облека! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Комбинации на бои со кои секоја жена би изгледала совршено (ФОТО)

Еспресо