15.8 C
Скопје
09:49 - 16 април, 2024

Што ќе значи ако се прогласи пандемија на коронавирус и како ќе влијае тоа на секој од нас (ИНФОГРАФИК)

Пандемиите немаат никаква врска со сериозноста на болеста, туку со нејзината географска распространетост. Светската здравствена организација прогласува пандемија секојпат кога новата болест за која луѓето немаат имунитет почнува да се шири со голема брзина.

Случаите кои вклучуваат патници кои биле заразени во Кина, а потоа се вратиле во својата матична земја, односно кои се зарзазиле на тоа патување, познати се како „индексен случај“ и не се сметаат во пандемијата. За да се прогласи пандемија мора да постои втор бран на заразата од лице на лице ширум заедницата, а во САД, Велика Британија и Австралија моментно не постои активен пренос.

Еднаш кога ќе се прогласи пандемија, станува поверојатно дека ширењето во заедницата на крај ќе се случи, а владите и здравствените системи мора да се осигураат дека се подготвени за тоа.

Од друга страна, епидемијата е брз пораст на случаите на заболување или болест која може да биде единствена за една земја или заедница.

Стручњакот за заразни болести, професот Питер Колињон, изјави дека фекално-оралниот пат е најчест за пренос на коронавирусот. Тоа значи дека во земјите со солиден санитарен систем, како и постојаното снабдување со вода, влијанието на пандемијата може да биде помалку сериозно.

Што значи за светот прогласување на пандемија?

Прогласување пандемијата би значело дека забраните за патувања веќе нема да бидат корисни или да имаат смисла и тоа би ги предупредило здравствените органи да се подготват за следната фаза – подготовка на болниците, собирање залихи на антивирусни средства и советување на јавноста околу социјалното дијагностицирање.

Кога досега била прогласена пандемија

2009 година поради свинскиот грип

1981 година поради ХИВ

1918 година поради шпанската грозница

1870 година поради големите сипаници

1347 година поради бубонската чума.

Слични објави

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Се вчитува....