11.8 C
Скопје
02:04 - 25 април, 2024

Само таа беше Бонд девојка трипати, а сега во 8-та деценија од животот едноставно блеска! (ФОТО)

Актерката Мауд Адамс (75) иако е во својата 8-ма деценија од животот, на нејзиниот совршено негуван изглед можат да ѝ позавидат и многу помлади колешки.

Мауд е веројатно најпозната како единствената Бонд девојка која се појави во дури 3 остварувања на серијалот за најпопуларниот таен агент Џејмс Бонд.

Таа беше Бонд девојка во „Човекот со златен пиштол“, „Октопод“ и „Поглед на убиство“, а Бонд во тоа време го глумеше актерот Роџер Мур.

Актерката има потекло од Шведска, а и покрај своите години изгледа одлично, нејзините фанови за неа велат дека нејзината убавина едноставно не избледува.

View this post on Instagram

#maudadams #octopussy #jamesbond

A post shared by Jürg Zbinden (@starcurator) on

Мауд во своите интервјуа раскажува за тоа како од Шведска се преселила во Париз, после што стигнала во Њујорк и подоцна во Лос Анџелес поради својата актерска кариера.

Таа денес е во среќен брак со Чарлс Робин, уште од 1999 година, а тоа е нејзин втор брак. Првиот нејзин брак беше со фотографот Рој Адамс за кого се омажи во 1966 година, а се разведе 9 години подоцна во 1975 година.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....