Првата холивудска диета ја измислила Џоан Крафорд за себе, но сите ја „држеле“: Еве како изгледала

Ако мислевте дека само модерните глумици внимаваат на својата витка става, грешите. Холивудските глумици отсекогаш биле преокупирани со диетите, а прв „фанатик“ за супервиток изглед била Џоан Крафорд.

Холивудската дива Џоан Крафорд ја измислила првата холивудска диета која стана хит меѓу генереациите кои ја имитираа. Диетата што ја држела Крафорд предвидувала внес од само 305 калории на ден!

Секојдневно слушаме за нови холивудски диети кои стануваат хит меѓу „обичните“ девојки се додека не се појави следната супердиета исфорсирана од некоја позната глумица. Но, дека станува збор за многу стар тренд кој датира од самиот почеток на Холивуд покажува списанието од 1929 година.

Во американското списание „Фотоплеј“ отпечатено пред 84 години објавен е напис кој ја критикува бизарната диета на прочуената глумица Џоан Крафорд која претставувала пример за мени на цели генерации млади девојки. Всушност, Џоан Крафорд е „мајката“ на првата холивдуска диета, а еве како таа изгледала.

За појадок Крафорд внесувала нула калории, односно само чаша топла вода.

Ручекот предвидувал: 8 лажици бистра супа (13 калории), 2 солени крекери (100 калории) и половина домат (25 калории).

Вечера: околу 30 грама немасно сирење (50 калории), 2 кришки ананас (50 калории) и чаша млеко (67 калории).

За ужина диетата дозволувала максимум едно тврдо варено јајце (100 калории) и/или варен спанаќ (100 калории).

Вкупното дневно мени на Џоан Крафорд не го надминувало внесот на 305 калории, односно доколку се земат и ужините – 505 калории дневно.

Оваа екстремно-ригорозна диета била многу популарна меѓу девојките и жените кои сакале да личат на филмската дива Џоан Крафорд.

Во написот од 1929 година, познатата докторка Х.Б.К Вилс остро го критикувала диетниот режим на глумицата, сметајќи го за крајно нездрав, и предложила модифицирана здрава верзија на истата, внесувајќи дузина други здрави намирници за појадок, ручек и вечера, достигнувајќи внес од 1.552 калории дневно.

Слични објави

Евтино, ефикасно и лесно до убава кожа на лицето (РЕЦЕПТИ)

Igor

Снегулки од хартија на 5 начини: Научете како да го направите најубавиот новогодишен украс! (ВИДЕО)

Слободен печат

Коронавирусот ја менува модната индустрија: Луксузните брендови произведуваат маски! (ФОТО)

Еспресо

Народни верувања за Свети Трифун: Ако денеска врне, годината ќе биде плодна

Слободен Печат

Наоми Кемпбел (49): Јадам само еднаш дневно за да ја сочувам манекенската линија, тоа не е изгладнување!

Еспресо

Хороскоп за 24 Јануари – Што ве очекува овој петок?

Еспресо

Остави Коментар

Осумнаесет + четиринаесет =

Слични објави

Сандра Африка го „фрцкаше“ задникот во Гевгелија, а позната светска порно-ѕвезда ѝ остави коментар! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Никогаш не се предава, а колку е постар, толку е подобар: Психолошки профил на хороскопскиот знак Јарец

Еспресо

Фанатик за вежбање: Ќерката на Еминем покажа стомачни мускули и совршена форма (ФОТО)

Васко Спасоски

Единствениот моден стил на АНА БРНАБИЌ: Дали сте го забележиле овој детаљ?

Igor

Влатко Стефановски упати музички поздрав за Италија – слушнете и уживајте! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Никол Шерцингер без долна облека: Пејачката во провокативна поза во секси боди (ФОТО)

Еспресо