8.8 C
Скопје
04:32 - 24 април, 2024

Поради фотографијата на која покажала премногу ги изгубила следбениците на Инстаграм! (ФОТО)

Бришењето на инстаграм-профилот беше тежок удар за тетовираната манекенка Амбер Лук од Квинсленд во Австралија, која поминала 6 години градејќи го, а ја следеле повеќе од 218 илјади луѓе. Таа го користела Инстаграм како сретство да дојде до брендови и клиенти за градење на својата идна кариера.

Среќа, Амбер која има 24 години, имала резервен профил, на кој во овој момент има околу 42 илјади следбеници, што значи дека не мора баш за започне од почетокот.

Овој пат Амбер ќе пристапи кон Инстаграм малку поинаку. Иако и понатака ќе споделува снимки и фотографии од уметноста на своето тело, што бара да биде скоро гола, сега ќе внимава да не открие премногу.

Амбер истакнала дека бил изгубен доста од нејзиниот труд, опишувајќи го губитокот како „расеан“.

Имав 218 илјади пријатели кога ми го отстранија профилот. Ми требаше околу 6 години и многу труд да го изградам. Ми го отстранија профилот, бидејќи ги „прекршив правилата на заедницата“ – што всушност не ги прекршив. Се чувствувам потполно поразено кога гледам дека 6 години работа и тетовирање е уништено. Се чувствувам како да ми е одземен дел од животот, деловните можности и правото да имам позитивно влијание на толку луѓе.“, рекла таа за Daily Star.

Амбер додала дека е одлучна да се врати на врвот на некогашното „инстаграм-царство“.

„Ќе ми биде потребно некое време да го обновам она што го имав, но се надевам дека ќе ја добијам истата љубов и подршка која ја имав и претходно“.

Амбер, која уште ја викаат и Плавоокиот бел змеј, потрошила повеќе од 25 илјади долари на тетоважи и промени кои ѝ го покриваат скоро секој сантиметар од телото.

Амбер на своето тело има преку 200 тетоважи, а покрај тоа го поделила и јазикот и била слепа неколку недели, откако ги истетовирала очите сини.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....