По самоизолацијата адвокатите ќе ги тријат рацете: Многумина дури сега ќе сфатат дека браковите им се пропаднати

Некои луѓе животот во карантин поради коронавирусот го доживуваат како празничен одмор, но тоа не е задолжително така, бидејќи заедничкото престојување подолг времески период во еден ист затворен простор може да влијае на врската, на нејзино влошување или дури да доведе и до развод.

Ова предупредување минатата недела во британскот парламент го изнесе адвокатка која се занимава со бракоразводни процеси во Британија, Фиона Шекелтон.

Таа наведува дека адвокатите во нејзината бранша предвидуваат веројатен раст на разводите поради самоизолацијата.

Хардип Дилон, советникот за семејно право во адвокатската компанија „Ричард Нелсон“ вели дека по Божиќ, кога семејствата вообичаено поминуваат поголем дел од времето заедно, британските адвокатски канцеларии бележат раст на бројот на пребарувања на интернет во сегментот „јас сакам развод“ од неверојатни 230 проценти.

– Сега се очекува сличен тренд во Велика Британија, особено по извештаите од Кина за зголемувањето на бројот на парови кои сакаат да се разведат по долгиот период поминат во карантин поради пандемијата на коронавирусот… како и за време на Божиќ, долгото време поминато заедно во изолација ја зголемува напнатоста во односите, пред се таму каде проблемите веќе постојат, додава Дилон.

Чувството на неизвесност во поглед на парите, работното место и здравјето кое го создава коронавирусот, како што објаснува, ги проблематизира односите на паровите во самоизолација.

Со ова се согласува и Селма Бат, шефицата за семејно право во адвокатската куќа „Фриман Харис“ која наведува дека овој период на изолација би можел да се покаже како тежок за паровите, со оглед на тоа дека не се знае кога ќе заврши целосната здравствена и финансиска криза и кога ќе биде укинат карантинот.

– Долгиот период во затворен простор може да стане експрес-лонец кој само чека да експлодира, изјавија експертите.

Слични објави

ЗА СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ХОРОРИ: 10 најстрашни филмови на Нетфликс! (ВИДЕО)

Еспресо

Фановите ја прашаа зошто го прави тоа, таа не одговори: Емина Јаховиќ се шминка и за во теретана! (ФОТО)

Васко Спасоски

Како да се храните доколку имате покачен холестерол: Пржената храна ви го загрозува здравјето

Еспресо

Тамара Тодевска пееше во најпознатиот геј-клуб во Лондон и го развиори македонското знаме (ВИЕДЕО)

Слободен печат

Ова се трите фази на љубовта!

Еспресо

Овој напиток за детоксикација ќе ви биде омиленото нешто летово!

Еспресо

Остави Коментар

четири − оне =

Слични објави

Манекенката со Даунов синдром ја водеше ревијата на Модната недела во Њујорк! (ФОТО)

Еспресо

Хороскоп за 24 февруари 2020: Понеделнички прекрасно изненадување за Близнаците

Еспресо

Анастасија Ражнатовиќ со провокативни фотки од Тајланд: Бикинито не може да биде помало, а позата на оградата ги остави мажите без здив (ФОТО)

Еспресо

Приказни од ЗЛОСТАВУВАНИ ЖЕНИ кои го шокираа БАЛКАНОТ: Професор заклучил ученичка во кабинет, па почнал со своите БОЛНИ дејствија

Еспресо

Малума за бадијала пристигна во Грција: Му ги откажаа концертите во Солун и Атина!

Васко Спасоски

5 симптоми што откриваат дека глутенот не ви годи!

Еспресо