20.8 C
Скопје
13:08 - 16 април, 2024

Овие познати дами се бореле да станат мајки, па и открија на јавноста низ што сѐ поминале (ФОТО)

Многу познати ѕвезди во минатото имале проблем да останат трудни, некои од нив сакаа да се остварат во улогата на мајка па посвоија деца, други пак ангажираа сурогат мајка, а имаше и такви кои по многубројните обиди сепак останаа бремени по природен пат.

Никол Кидман, Кортни Кокс, Ема Томпсон, Ким Кардашијан и Криси Тајген јавно зборуваа за својата борба за потомство.

Никол Кидман

Оскаровката во една прилика изјави дека имала „вистинско патешествие во возот на смртта за да остане трудна“, објаснувајќи дека таа и нејзиниот поранешен сопруг Том Круз одлучиле да ги посвојат Изабела и Конора откако не можеле да добијат дете по природен пат.

Сепак, Никол подоцна успеа да остане трудна и по природен пат ја доби ќеркичката Сандеј Роуз, а откако подоцна повторно имаше проблем со бременоста, таа ангажираше сурогат мајка која и ја роди ќерката Фејт.

Кортни Кокс

Ѕвездата на серијата „Пријатели“ открива дека имала неколку неуспешни обиди да остане трудна пред по вештачки пат да ја роди ќерката Коко.

Актерката и нејзиниот поранешен сопруг повеќе пати се обидувале таа повторно да остане во блажена состојба.

Не велам дека тоа е прошетка во парк, но што можете да направите? Ние едноставно само пробувавме повторно и повторно – рече Кортни.

Ема Томпсон

Актерката имала спонтан абортус пред да ја роди ќерката Гаија во 1990 година. Откако не можела повторно да остане трудна ниту со помош на вештачко оплодување, таа го посвоила синот Тинди.

Ми кажаа дека нема да можам да имам повеќе деца и тоа ми падна многу тешко, но ако одново останев трудна, ќе го пропуштев овој прекрасен чин на мајчинство со Тинди – изјави Ема.

Ким Кардашијан

Ким Кардашијан преку сурогат мајка ја доби ќерката Чикаго и синот Псалм. Ким не можеше да раѓа повеќе поради компликации со кои се соочи во текот на првите две бремености.

Реалити ѕвездата беше отворена по ова прашање и призна во јавноста дека тоа и е најболното искуство во животот.

Криси Тајген

Сопругата на Џон Леџенд зборуваше за тоа дека не успеала да затрудни по природен пат, па дека со помош на вонтелесно оплодување ги родила ќерката Луна и синот Мајлс.

Сфативме дека мораме да посетиме доктор и да видиме зошто по природен пат не можам да останам трудна. Знаете, понекогаш тоа е потешко за некои луѓе отколку за други – рекол порано нејзиниот сопруг Џон.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....