Ова се најризичните места во домовите каде што коронавирусот најдолго се задржува!

Неодамна тестирањето спроведено во куќата каде што бил изолиран пациент заразен со коронавирусот покажа дека во ВЦ-школката, лавабото и рачката од тоалетот се наоѓа најмногу контаминација, пренесуваат странските медиуми.

Овој податок ја зголемува можноста дека уште еден начин за пренесување на ковид-19 вирусот може да е преку изметот.

Истражувањето го спровел д-р Сеан Веј Чанг Онга од Националниот центар за инфективни болести во Сингапур, каде што се покажало дека на заштитната опрема што ја носеле негувателите и на ходникот од куќата не било забележано присуство на вирусот.

Unsplash/ Cdc Bkc

Најризични простории за пренесување на вирусот се тоалетите, бидејќи после пуштањето вода во тоалетот, вирусот се шири низ просторијата и ги контаминира околните површини.

Новиот вирус очигледно долго време се задржува во фекалните материи. Затоа, доколку не ги измиеме убаво рацете и не го дезинфицираме тоалетот после употребата, постои зголемен ризик од заразата, пишува Business Insider.

Д-р Онг тестирал домови на 3 заразени пациенти кои биле изолирани во домашни услови. Кај секој од нив биле земени 26 примероци од собата во која поминувале најмногу време, тоалетот и ходникот кој води до тоалетот. Примероци биле земени и од лекарите кои ги посетувале додека биле во изолација.

Unsplash/Camilo Jimenez

Тестовите кои биле земени после чистењето на овие простории покажале негативен резултат.

Но, кога тестовите биле спроведени пред дезинфицирање на просториите на три места од вкупно пет во тоалетот биле најдени вируси, додека немало контаминација во ходникот. Станува збор за ВЦ школката, рачките и лавабото кои ги користела личноста заболена од корона, затоа во овие моменти најважна е дезинфекцијата на тоалетот.

Слични објави

СЕ ШУШКА: Меган Маркл веќе се породила?

Igor

Драма во домот на Лепа Брена! Боба пиел два дена без прекин па се „срушил“! (ФОТО)

Igor

Најмладиот член на Менса има 3 години и IQ 142! (ФОТО)

Еспресо

ГОЛА ВО КАДА го прослави јубилејот од десет години од објавувањето на НАЈПОЗНАТИОТ СИНГЛ (ФОТО)

Igor

Ќе се убијам,не смеам да одам таму: Непоканет гостин во домот на Анастасија Ражнатовиќ (ФОТО)

Васко Спасоски

МЕСТА ВО КОИ НЕ СМЕЕТЕ ДА ВЛЕЗЕТЕ: Сите знаат дека постојат, но речиси никој ги нема посетено

Еспресо

Остави Коментар

5 − 5 =

Слични објави

30 години помладата сопруга на Винсент Касел (53) изгледа како милион долари! Луѓето гледаат во неа како хипнотизирани! (ФОТО)

Еспресо

Не го правете ова ако сте во самоизолација: Емили Ратајковски упати јасна порака!

Васко Спасоски

Ќе се изненадите од здравствените придобивки на плетењето

Слободен Печат

Кавалџијата Ангеле Димовски добитник на Златна Бубамара за животно дело

Еспресо

Детали од животот на Џесика Алба: Работи кои сигурно не сте ги знаеле за познатата актерка! (ВИДЕО)

Еспресо

Ивана направи секси долна облека од тоалетна хартија и покажа како и стои (ФОТО)

Еспресо