Ова е новиот вознемирувачки тренд на запознавање!

Одбројувањето до Денот на заљубените започна, а додека на некои луѓе тоа им носи нова прилика за романтична вечера, пијачка или поклони, за други претставува прилика за здрава доза неспретни разговори на апликациите за запознавање.

Многумина токму преку овие апликации успеваат да ги пронајдат своите идни партнери, но позади сите успешни приказни за запознавање преку друштвена мрежа се кријат и негативни трендови, пишува Mirror. После „ghosting“, го имаме и „whelming“.

Whelming е нов вознемирувачки тренд на запознавање со кој создавате впечаток дека сте посакувани. Тоа се постигнува така што на вашиот потенцијален партнер јасно му давате до знаење дека не е единствената личност со која разговарате, без разлика на тоа дали било вистина или не. Со самото тоа, во очите на личноста со која се допишувате или состанувате, наводно изгледате попосакувани и поатрактивни.

Кога е очигледно дека ќе станеме жртва на whelming?

Најава може да биде и обичен разговор кој се одвива многу споро и резултира со изјава како на пример: Извини, се допишувам со толку многу луѓе, што не успевам на сите веднаш да одговорам. Или кога ќе добиете збунувачка порака која нема никаква врска со темата за која се допишувате, а покрај која следува и коментар од типот на: Извини, ова требаше на друг да го пратам.

Оставајќи впечаток дека се преплавени со бројни понуди и голем избор на луѓе, како и дека вие не сте приоритет, се надеваат дека ќе ве поттикнат повеќе да се потрудите за да го заслужите нивното внимание.

Whelming се споредува со многу стариот и познат начин на манипулирање. Без разлика на тоа дали е односот топло-ладно или неадекватни комплименти кои имаат за цел да ја срушат самодовербата на соговорникот, така што ќе создатат потреба од истите луѓе да ги слушнат и убавите комплименти, whelming е само модерна верзија на овие методи за манипулирање.

Кога ќе приметите дека некој спрема вас се однесува на некој од овие начини, едноставно оддалечете се.

Слични објави

Како црногорската принцеза станала кралица на Италија: Љубовниот живот на Јелена Савојска

Еспресо

Како ладен туш: Ештон Качер и Мила Кунис открија се за разводот (ВИДЕО)

Igor

Запознајте ја Кристина Поптрпева, скопјанката со најубаво деколте (ФОТО/ВИДЕО)

Igor

Најзгодната „пензионерка“ на планетата: Кога ќе се соблече во бикини го одзема сечие внимание (ФОТО)

Еспресо

Кејти Холмс ја откри тајната која сите сакаат да ја знаат!

Igor

Аца Лукас со отворени навреди кон Лепа Брена: БРЕНА Е ЦИРКУЗАНТКА!

Igor

Остави Коментар

4 × 3 =

Слични објави

Легендарниот Тарантино на 56 години го доби првото дете

Еспресо

Викторија Лоба мами воздишки на плажа (ФОТО)

Igor

Били Ајлиш откри дека размислувала за самоубиство: Мислев дека нема да живеам повеќе од 17 години (ВИДЕО)

Еспресо

Ед Ширан може да стане милијардер пред да наполни 30 години

Igor

Лејди Гага додека „јаваше“ обожавател падна од бината (ВИДЕО)

Igor

Име кое никој не го очекуваше: Официјално објавено името на кралското бебе

Igor