Oскар и бургери пред сендвичара: За оваа слика на славниот пар зборува цел свет (ФОТО)

Во неделата навечер актерот Хоакин Феникс освои Оскар за главна машка улога во филмот „Џокер“, но за фотографијата забележана по неговата победа и официјалната церемонија, едноставно се зборува поовеќе отколку за престижната награда.

Феникс и неговата вереница, актерката Руни Мара, се фотографирани како во своите модни креации со кои се појавија на церемонијата на Оскарите, седат на скали и јадат бургери.

Убавата актерка потпетиците ги замени со старки, а помеѓу гладните уметници стои освоениот Оскар.

Победата ја прославија со бургер, и тоа вегански, во однос на тоа дека и двајцата не консумираат храна од животинско потекло.

Славниот актер и за време на доделувањето на Оскарите зборуваше за важноста на природата, како и за веганството.

– Мислам дека се одделивме од природата, дека сме виновни за егоцентричноста на нашиот свет. Ние одиме во природа и ги уништуваме тамошните ресурси. Чувствуваме дека имаме право по вештачки пат да оплодиме крава, а потоа да и го одземеме нејзиното бебе, иако нејзините крици не можат никого да измамат. Потоа и го одземаме млекото, наменето за нејзиното бебе, па го ставаме во своето кафе – порача актерот.

Наводно, по Оскарите, на Феникс му бил понуден бургер од говедско месо, на што тој на келнерот му покажал карта на која пишува: „Бидете вегани, тоа не е привремена мода, тоа е иднината“, пренесуваат портали кои го заговараат овој стил на живот.

Иако оваа фотографија кај многумина побуди емоции поради тоа што славниот актер и неговата колешка се однесуваат како целиот обичен свет, скромно и едноставно, многумина се прашуваат колку всушност маркетингот игра улога во целото ова. 

Слични објави

Бебето Арчи наскоро ќе го прелета океанот: Кралскиот пар најави далечно патување (ФОТО)

Igor

СОРАЈА ГИ ВАДИ СИЛИКОНИТЕ: Причината за таквата одлука ќе ве запрепасти

Igor

СЕКОЈ САКА ВАКОВ УЧИТЕЛ: Тој почна да танцува, децата го снимаа, а видеото е вистински хит (ВИДЕО)

Еспресо

Видео хороскоп за 4 јуни 2019, четврток

Igor

Војводите од Сасекс на мета на критичарите: Соседите им прават проблем (ФОТО)

Igor

Бруна Лима е модел кој со своите фотографии поставува стандарди во фитнес индустријата! (ФОТО)

Еспресо

Остави Коментар

14 − шест =

Слични објави

Жените доминираат во номинациите за Греми-наградите 2020 година!

Igor

Повеќе ќе се смеете, но и повеќе ќе плачете: Прекрасни работи што ви се случуваат кога имате деца

Еспресо

Рекордерка по број на пластични операции: Има 60 години, повеќе од 47 пати „легнала под нож“

Еспресо

Овие фактори откриваат дали сте за брак или не?

Igor

ИМА ТРОЈЦА ВНУЦИ: Никој не можеше да поверува колку години полни оваа секси-баба

Igor

РОК-ЅВЕЗДАТА ЗА БРАКОТ И ЉУБОВТА: Никогаш нема да ме видите со љубовница

Igor