17.8 C
Скопје
13:28 - 20 април, 2024

Одри Хепберн почина на денешен ден во 1993 година

Филмската и театарската актерка наградена со Оската за филмот „Празник во Рим“, важеше за скромна, драга и шармантна личност, која секогаш ги ставаше другите на прво место. Тоа посебно го покажала кога веќе се ближел крајот на нејзиниот живот со својата работа за УНИЦЕФ како амбасадор на добра волја.

Празник во Рим е романтична комедија од 1953 година. Филмот зборува за млада принцеза која сака да побегне за време на службената посета на Рим и се спријателува со циничниот американски новинар, кој само сака ексклузивна приказна, но подоцна сфаќа дека се заљубува во неа.

Одри Хепберн била релативно непозната, додека Грегори Пек (нејзиниот партнер во фимот) веќе имал високо место во филмската индустрија. Нему договорот му гарантирал дека ќе биде потпишан како единствената ѕвезда на филмот. После снимање на неколку сцени со Хепберн, се предомислил и побарал и таа да биде потпишана како него. Тоа било скоро незамислив гест во Холивуд.

Една од нејзините најпознати улоги е и во филмот „Појадок кај Тифани“, каде што таа стана симбол за убавина и грациозност.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....