Одговорите на овие две прашања може да одредат колку ќе потрае вашиот брак

Доколку некогаш сте се прашувале дали постои некаква формула за долготрајност на бракот, одговорот на овие две прашања би можел да биде клучот.

Имено, економистите Леор Фредберг и Стивен Стерн направиле истражување на Универзитетот Вирџинија така што 4242 пара ги прашале две едноставни прашања и потоа ги следеле во наредните шест години.

Ова се прашањата:

Колку сте среќни во бракот во однос на тоа колку би биле среќни доколку не сте во брак?

Што мислите, како вашиот партнер одговорил на тоа прашање?

Резултатите покажаа дека тие кои одговориле дека би биле еднакво среќни и да се сами се оние кои се развеле во тие шест години.

„Идејата на љубовта овде е тоа што вашиот партнер ви претставува посебен вид на среќа“, објаснува Фредберг и продолжува: „Иако сите имаат некакви проблеми кои можат негативно да влијаат на среќата, самиот факт дека вашиот партнер е тука покрај вас би требало да ве прави посреќни“.

Истото итражување покажало дека само 40 проценти од испитаниците успеале да го предвидат одговорот на својот партнер на тоа прашање, а дури 60 проценти не знаеле прецизно да наведат некои основни информации за својот партнер.

Отприлика 50 проценти од браковите завршиле со развод, па овој мал тест би можел да биде добра работа и проценка за одредување на трајноста, односно можниот распад на бракот.

Слични објави

Урнебесно: Тино и Атанас како Заев и Мицкоски во Еден на Еден (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Дневен хороскоп за 03.03.2020: За Овенот ќе има убави промени, а Ракот ќе запознае многу драгоцена личност

Еспресо

Го уценувала со секс-снимка и голи фотографии и сега поради тоа мора да плати 196.000 евра (ФОТО)

Васко Спасоски

Тито, Хитлер, Фројд и Сталин: Во иста година живееле во ист град!

Еспресо

Меган Маркл и принцот Хари со совети за тоа како да се издржи во изолација за време на коронавирусот

Еспресо

По скоро две децении љубов, го исфрли сопругот од домот: Сите зборуваат за нивниот развод, а Џулија некогаш вака кажуваше за нив… (ФОТО).

Васко Спасоски

Остави Коментар

18 − 7 =

Слични објави

Интересни работи поврзани со престапната година и 29 февруари

Слободен печат

По операциите, Анџелина Џоли ги однесе своите деца во кино (ФОТО)

Еспресо

Насочете ја енергијата во вистинската насока! Што предизвикува забавување на метаболизмот?

Васко Спасоски

Тој е готвач од елитен ресторан, а сега готви храна на бездомниците (ФОТО)

Еспресо

Разговор со Кристина Димитријевска: Љубомората е болест против која нема лек

Еспресо

Фестивал во Италија каде музичарите свират на инструменти направени од мраз (ФОТО)

Васко Спасоски