18.8 C
Скопје
10:49 - 29 март, 2024

Од плакарот на Анита: Љубов шириме, срца топлиме

Од утре имате едноставна задача – љубов да ширите, срца да топлите. Еве како…

Наутро кога ќе станете, прво „прегрнете“ се себеси во огледалото и посакајте си убав ден. На вашето прекрасно лице ставете ја најтоплата насмевка што ја криете длабоко во себе. Силно прегрнете ги и домашните, вашиот сопруг, мајка, татко, брат, сестра, децата, вашето милениче (сите со кои го делите домот)… изгушкајте ги најсилно.

Потоа, кога ќе го напуштите својот дом, доколку ја сретнете вашата најдрага комшика, задолжително прегрнете ја, бакнете ја и посакајте ѝ убав ден. Истото може да го сторите и со вашиот комшија, нека биде и неговиот ден убав. Срдечно поздравете ги сите кои ќе ги сретнете.

Доколку со автомобил патувате кон работното место, пуштете радио, зголемете го тонот, движете ги рамената, „намонтирајте“ насмевка на лицето, уживајте… исто така можете да уживате и во градскиот превоз, наместо со намуртено лице, влезете со насмевка, веднаш ќе забележите колку таа е „заразна“.

Кога ќе пристигнете на работното место прегрнете ја колешката која секое утро ве дочекува, доколку ве дочекува со кафе, возвратете ѝ со уште поголема љубов.

Прегрнете ја помладата колешка, бидете нејзина потпора, простете ѝ ги ситните грешки што ги направила бидејќи и вие сте биле некогаш на нејзиното место. Прегрнете ја за поддршка, нека се радува тоа младо срце.

Прегрнете ја со почит и повозрасната колешка, заблагодарете ѝ се за сета поддршка што ви ја дала, не ѝ замерувајте и простете ѝ за ситните кавги и намуртеното лице кое го носи понекогаш, сетете се дека и вие го правите тоа.

Задолжително подарете ѝ ја најсилната прегратка на колешката, која секојдневно успева да ве насмее, не штедете ги топлите и пријатни зборови ниту за „намуртените и незгодни“ колеги, можеби ќе успеете да ги промените.

Постои и една гаранирано добитна комбинација! На пауза од најблиската продавница купете големо чоколадо, нека биде со лешници, бадеми, ореви… жените го сакаат тоа. Кршете коцки и делете ги, делете љубов, ранете ја душата, сладете се…

Слушнете се и со најдобрата пријателка, напишете ѝ порака, потсетете ја на некој смешен момент што сте го доживеале заедно, измамете ѝ насмевка, разубавете ѝ го денот.

На патот кон дома повторно ја имате истата задача – да бидете среќни и љубов да ширите!

Во домот влезете полни со елан, со насмевка, поминете го вашето попладне уживајќи во домашната атмосфера. Радувајте се со децата, лудувајте со милениците или пак сами со себе, едноставно уживајте.

Навечер кога ќе си легнете, легнете си со убави мисли и насмевка на лицето, уживајте гледајќи го вашето омилено нешто на ТВ- екраните. Спијте среќни, го заслуживте тоа… израдувавте неколку срца, насмеавте неколку лица, донесовте хармонија и разубавивте еден обичен ден. И, не заборавајте, наредниот ден ја имате истата задача. Ширете љубов, срца топлете… не само еден ден, туку секој ден!

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....