Не сте виделе ваква баба: Има 63 години, а изгледа како да има 23! (ФОТО)

Тајландската актерка, пејачка и тв-водителка Чен Меифен последните неколку дена привлече внимание на бројни светски медиуми.

Изгледа дека на многумина не им е јасно како Чен „не старее“. Оваа Тајланѓанка има 63 години, а изгледа како барем „дупло помлада“ како што тврдат нејзините обожаватели. 

Instagram

Чен неодамна ја водела емисијата на националната телевизија и сите ги освоила со својата појава. Тајландската водителка носела проѕирен фустан со бисери и пердуви кои ги покривале „клучните“ делови на телото, а цената на фустанот изнесувала 15 илјади фунти.

Фустанот ги открил и нејзините затегнати стомачни мускули, а многу обожаватели се прашувале која е тајната на Чен за младиот изглед. Оваа актерка последните 30 години е активна пред малите екрани и ја носи титулата за „најзгодна тетка во Тајланд“.

Instagram

Ѕвездата на националната телевизија тврди дека својот изглед го добила благодарение на постојаното конзумирање ѓумбир и јадење супа за доручек.

„Инаку, во супата додавам и парче ѓумбир. Мислам дека поради тоа имам блескава кожа“, изјавила таа во едно телефонско интервју. Покрај здравата исхрана, Чен не може да се натера да иде во теретана, па има приватен тренер со кој вежба еднаш до 2 пати неделно.

Instagram

„Знам дека треба да вежбам. Љубоморан на оние луѓе кои идат во теретана од навика. Јас секогаш морам да се присилувам да вежбам“, признала Чен која има 52 килограми, а носи штикли секој ден. Сепак, Чен е најсреќна кога може да се опушти, па тогаш носи фармерки и маица со кратки ракави.

Instagram

Тајландската водителка последните 5 години е соло. Поминала низ тежок развод од сопругот со кој била во брак 10 години, а вели дека вербата во љубовта се уште не ја изгубила.

„Мажите сакаат млади жени, така што ми е тешко да пронајдам идеален партнер“, заклучува Чен.

Слични објави

Легендарните „Deep purple“ за првпат настапија во Југославија, „Бијело дугме“ го објави култниот албум „Битанга и принцеза“ и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Еспресо

5 највалкани производи што ги јадеме секој ден!

Еспресо

Мајли Сајрус е бремена: Го направи тоа за инает на поранешниот сопруг!

Еспресо

Роналдо објави утринско семејно селфи, а Георгина е гола под јорганот? (ФОТО)

Васко Спасоски

Само Чак Норис му оди на сонцето во очи: Славниот актер денеска полни 80 години, а ова се најдобрите вицови за него! (ФОТО)

Васко Спасоски

„Ти не носиш долна облека?“ Водителката сакаше да ја збуни гостинката со прашањето, но не успеа

Еспресо

Остави Коментар

оне × 4 =

Слични објави

Џеј Ло беше мета на критики поради експонирање на меѓуножјето! (ФОТО)

Еспресо

Човекот кој го направи Ханибал Лектор, после 13 години напиша нов роман!

Слободен Печат

Тој си дозволи да ја изгуби косата, па тој ли ќе биде крал на Англија?

Igor

Бизарната љубов на Салвадор Дали и Гала: Таа го направи и го уништи! (ФОТО)

Еспресо

Необични места во Европа кои морате да ги посетите (ФОТО)

Еспресо

Брена и Боба во карантин: Во вилата ги затвориле и синовите Стефан и Виктор! (ФОТО)

Васко Спасоски