Направете продуктивно опкружување во својот дом: Како да работите од дома?

Ако заради пандемијата за првпат работите од дома, сигурно не ви е лесно. Ритамот ви е променет, ве деконцентрираат домашните, сè ви е чудно и ништо не ви го задржува вниманието. Како да го пребродите сето ова, прочитајте во продолжение

Додека на некои работењето од дома им е непознато и им звучи страшно, има многумина кои своите обврски само така ги завршуваат. Сега кога ситуацијата е таква што многу луѓе работат во четири ѕида дома, оние на кои тоа им е рутина, советуваат како да бидете попродуктивни дома.

Ова се најважните совети:

1.Станете порано

Тоа што работите од дома не значи дека треба да спиете подолго и да се будите пет минути пред работа. Запомнете дека вашата нормална утринска навика и патот до работа е пред сè она што ви помага во канцеларија да дојдете разбудени и подготвени за работа. Ако го прескокнете тоа, тешко ќе бидете продуктивни за работа во првите часови од работното време. Би требало и понатаму да се будите барем еден час пред почетокот на работата, да појадувате, да пиете кафе, да вежбате и на направите сè што не правите како кога одите на работа.

2. Замислувајте си како да одите во канцеларија

Откако сте се разбудиле порано за да се подготвите за работа, сте ги направите сите утрински ритуали, облечете се како да ќе одите на работа. Секако, не морате да облечете одело ако инаку морате да носите, но немојте да останете во пижами. Пижамите автоматски се поврзуваат со лежерност, одмор и спиење. Пред сè, затоа што вашата продуктивност ќе се намали, бидејќи ќе бидете безволни за работа, а најверојатно ќе го пуштите телевизорот за да проверите што се случува во вашата омилена серија. Шминкањето, ако немате видеоповици, прескокнете го и оставете ја кожата да се одмори.

3.Направете продуктивно работно опкружување

Наместо да го пуштите телевизорот и да се опуштите на фотелјата со лаптопот, направете пријатно работно опкружување така што ќе тргнете сè што ви пречи. Седете на стол како во канцеларија, бидејќи освен што сè ќе ве боли ако седите навалени осум часа, ќе бидете помалку продуктивни.

4.Направете куќна „канцеларија“

Дури и ако имате мал еднособен стан, идеално би било кога би уредиле едно работно катче, во кое ќе глумите дека сте на работа. Ако секој ден седите на различно место во домот, тешко ќе се фокусирате на работата, додека просторијата во која работите ќе ве поттикне на продуктивност, бидејќи цело време ќе ве потсетува на работа.

5.Правете пауза

Кога работат дома, луѓето често знаат да работат и подолго и повеќе отколку кога се во канцеларија. Тоа може да доведе до „прегорување“, па паузата е подеднакво потребна и дома, како и кога сте во канцеларија.

Слични објави

Слушнето како малата Хана ја отпеа „Proud“ (ВИДЕО)

Igor

Анџелина Џоли повторно на работ на анорексија! (ФОТО)

Еспресо

Џеј Ло долго време не прошетала со волку длабоко деколте! Се спушта до папокот, а еден детал ги збуни сите! (ФОТО)

Еспресо

Луѓето „умираат“ од смеење – Далибор Петко го копираше аутфитот на Јелена Карлеуша (ФОТО)

Еспресо

„Доволни“ на Валери и „Cyrilic“ номинирана во категорија „Најдобра песна“ на МАК! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Пејџ Хатавеј е фитнес дива од која има што да се научи! (ФОТО)

Еспресо

Остави Коментар

пет × пет =

Слични објави

Холивуд губи 20 милијарди долари поради коронавирусот: А може да биде уште полошо!

Еспресо

Некогаш и сега: Бред Пит, Кијану Ривс, Џенифер Анистон… Колку се промениле славните актери? (ФОТО)

Еспресо

Принцот Луи полни две години: Фотографиите што ги објавија Кејт и Вилијам се симбол на надеж во борбата против коронавирусот

Еспресо

Девојка со несекојдневна убавина го освојува модниот свет! (ФОТО)

Еспресо

Мистерија од спотот на Фил Колинс: Многумина се прашуваат дали во него се појавува и славниот режисер?

Еспресо

„Медена земја“ вечерва не доби Оскар, но Македонија е повеќе од горда на силната порака која медената екипа ја испрати!

Еспресо