10.8 C
Скопје
23:03 - 19 април, 2024

Музички награди на Оскарите: Втора златна статуетка за Елтон Џон! (ВИДЕО)

Најголем победник на 92-рото доделување на Оскари е јужнокорејскиот филм „Паразит“, а во музичка смисла доделувањето го одбележаа Елтон Џон, Еминем и Били Ајлиш.

Кога станува збор за музичките награди на Оскарите, наградата за најдобра оригинална музика ја освоија креаторите на најдобриот филм на годината – „Џокер“, додека наградата за најдобра оригинална песна и припадна на нумерата „(I”m gonna) love me again“ во филмот „Рокетмен“, што беше втор трофеј за нејзиниот коавтор и изведувач Елтон Џон, кој првиот Оскар го освои во 1995 година и тоа за песната „Can you feel the love tonight“ од анимираниот хит на Дизни „The lion king“.

Од музичката содржина на церемонијата изненадување на вечерта беше настапот на Еминем, кој се појави на сцената и ја изведе песната „Lose yourself“, наградена со Оскар за најдобра оригинална песна пред 18 години.

Како што пренесува „USA today“, не е јасно кој го повикал Еминем да настапи на церемонијата.

Помеѓу музичките ѕвезди се најде и Били Ајлиш, која го изведе класикот на Битлси „Yesterday“ во сегментот „ин мемориам“. 

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....