Меси се вљубил во Антонела уште кога имал 9 години: Ова е нивната неверојатна љубовна приказна (ФОТО)

Деновиве Лионел Меси е во центар на вниманието поради најавата дека си оди од Барселона, клубот во кој игра од 14-годишна возраст.

Поддршка во сè на славниот фудбалер му дава неговата сопруга Антонела Рокузо, која ја запознал кога имал само 5 години.

Instagram

Меси и Антонела се запознале преку роднината на Антонела, Лукас, кој му бил најдобар пријател на Меси во детството. Иако уште од мал бил срамежлив, Меси признал дека е вљубен во Антонела уште кога имал девет години.

Instagram

Заедно се долги години, а јавноста за нивната врска дозна дури во 2009 година.

Instagram

Антонела во Аргентина студирала стоматологија, но поради Меси ги напуштила студиите и заедно се преселиле во Барселона.

Instagram

Таму Антонела започнала сопствена кариера и станала манекенка, а последниве години поголемиот дел од времето го посветува на нивните три сина и се обидува да се држи настрана од светлата на рефлекторите.

Се венчаа во јуни 2017 година во Росарио, родниот град на Антонела, а на свеченоста присуствуваа само ограничен број гости.

Instagram

Иако се обидува да го сочува приватниот живот подалеку од медиумите, Антонела на Инстаграм ја следат скоро 13 милиони луѓе, а на својот профил таа често објавува фотографии од своето семејство.

Instagram

Иако долго време низ медиумите се пишуваше дека Ла Негра, како што ја нарекуваат Антонела во Аргентина, била само со Меси, по нивната венчавка се појавија гласини дека имала афера со некое момче во Росарио додека Меси бил во Барселона.

Instagram

Клучен момент во љубовната врска на Меси и Антонела се случил во мај 2005 година, кога Антонела поминала низ тежок период. Нејзиниот најдобар пријател починал откако го прегзило момче кое возело пијано. Антонела тогаш имала 17 години и поради тој настан паднала во депресија, престанала да оди во училиште, а тоа го натерало Меси да отиде во Аргентина, да ја утеши и да биде покрај неа.

Instagram

По три години Антонела се преселила во Шпанија да живее со него.

„Барем не ме остави поради било кој, туку поради Меси“, рекло тогаш момчето со кое Антонела дотогаш била во врска.

Instagram

Слични објави

Српскиот глумец Власта Велисављевиќ вози и на 94 години!

Еспресо

Со зачини интензивирајте го вкусот на оброкот

Еспресо

Хороскоп за 21 август, петок – Не дозволувајте луѓето да го тестираат вашето трпение и добрина

Еспресо

Впечатливо жолта боја и златни обетки: Кејт го повтори изгледот од Вимблдон и повторно блескаше! (ФОТО)

Еспресо

Хороскоп за 21 јануари – Биковите ќе имаат среќа во работата, лавовите можеби ќе ја запознаат сродната душа

Еспресо

Јелена Јованова: Нема оправдување за неправда, насилство, лага и лицемерие

jasmina.kantardzieva

Остави Коментар

четири × пет =

Слични објави

Бен Афлек стапи во врска со девојката на Џејмс Бонд и сите почнаа да му завидуваат, но по нејзините слики без шминка работите се променија… (ФОТО)

Еспресо

Дали 8 Март полека но сигурно ја губи смислата?

Еспресо

Урнебесна средба на Лепа Брена и јутјубер – Пејачката само го погледна, а неговата реакција е хит (ВИДЕО)

Еспресо

2 модели на здолништа кои Французинките никогаш нема да престанат да ги носат – Модни парчиња за целиот живот! (ФОТО)

Еспресо

Забележана интересна промена кај Меган Маркл: Ова е новата омилена боја на војвотката која испраќа силна порака! (ВИДЕО)

Еспресо

Лозано: Да не се разбереме погрешно, не сум на ничија страна! (ВИДЕО)

Еспресо