12.8 C
Скопје
10:24 - 20 април, 2024

Мексиканската Барбика ја засени познатата водителка за временска прогноза! (ФОТО)

Мексиканската водителка Џанет Гарсија позната како најсексипилната водителка на временска прогноза во светот, дигна раце од таа професија на некое време.

Всушност, оваа заносна бринета планира да се пресели во Америка за таму да го започне заедничкиот живот со својот дечко Луис Ховс, некогашниот рагбист и бизнисмен.

View this post on Instagram

?? @programahoy

A post shared by Yanet Garcia ?? (@iamyanetgarcia) on

Но, вработените во мексиканската телевизија не губеа време, па изгледа дека веќе ѝ најдоа еднакво интригантна замена, а станува збор за моделот Алеири Авендано.

Оваа 29-годишна девојка позната е и како „латинската Барбика“, поради својата вретенаста фигура и специфичен изгледза кој се заслужни бројните естетски корекции.

Оваа Венецуелка имала дури 38 пластични операции во животот, а за тоа збори без никаков проблем.

„Ги зголемив градите 7 пати, имав операција на носот 5 пати, 18 пати бев на липосукција, ја правев устата, забите, се.“, рекла Алеира.

„Вложив 200,000 долари во моите операции, а и време, труд и посветеност. Никогаш не сум се плашела да одам под нож, бидејќи секогаш сум идела кај специјалисти и истражував за зафатите кои ги правев“, додала таа.

Покрај операцијата Алеира своето тело го обликувала и носејќи корсет – тврди дека го носела 23 часа дневно за времетраење од 9 години и дека наводно го соблакала само кога се бањала.

Мексиканската публика прилично е возбудена поради изборот на новата водителка, иако многумина тврдат дека убавата Џанет никој не може да ја засени.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....