6.8 C
Скопје
00:30 - 26 април, 2024

Љубов за време на коронавирусот: Двајца млади Руси почнале да се состануваат во карантин

Како што се шири смртоносниот вирус, така земјите ги евакуираат своите граѓани што живеат во Кина. Русија на почетокот на месецот евакуирала 140 свои граѓани од Вухан, кинески град со 11 милиони жители, кој воедно е и епицентар на вирусот „ковид-19“. Русија тие 140 граѓани ги преместила во карантин на клиниката во сибирскиот град Тјумењ.

Порталот „Д Москов тајмс“ наведува дека во периодот кога биле изолирани од остатокот од светот, двајца 18-годишни тинејџери, Ина Савинчева и Данил Парфенович, почнале да се зближуваат и за многу брзо време се вљубиле еден во друг. Нивната приказна е интересна поради тоа што тие и покрај сериозноста на проблемот со кој се соочува светот, ја пронајдоа љубовта и надежта еден во друг.

Филмско запознавање

Ина и Данил, токму како на филм, се запознале додека го чекале авионот за евакуација на аеродромот во Вухан. Ина живеела и работела во Кина како музички новинар, додека, пак, Данил студирал таму. Веднаш штом се запознале, почнале да разговараат за нивните заеднички интереси кон музиката и технологијата. Хемијата помеѓу нив во секој миг што го поминувале заедно, се зголемувала.

Разделени за 14 февруари

Данил навел дека лекарите од клиниката во Тјумењ немале никаква замерка за нивната врска, но бидејќи младата новинарка била изолирана поради тоа што се разболела од други болести, не можеле да се видат и го поминале разделено Денот на вљубените, 14 февруари. Тестовите што ѝ биле направени на Савинчева биле негативни на вирусот „ковид-19“. И покрај тоа што не го славеле Денот на вљубените заедно, Данил ѝ купил на Ина бразлетна, која ѝ ја однеле лекарите што се грижеле за неа. Парот очекува да биде пуштен во наредните неколку денови, а првото нешто што планираат да го направат кога ќе излезат од карантинот е да го истражуваат сибирскиот град во чија клиника во моментов престојуваат.

Предизвик оддалеченоста

Единствен предизвик во оваа приказна за љубовта претставува оддалеченоста. Ина е со потекло од областа Киров во Централна Русија, додека Данил е од сибирскиот град Краснојарск. Овие две места се оддалечени едно од друго околу 3.200 километри. Ина и Данил велат дека досега нивната комуникација се одвива добро и дека се надеваат врската што се формирала во Вухан, ќе трае цел живот.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....