11.8 C
Скопје
13:24 - 25 април, 2024

Кралицата Елизабета Втора не ни сонувала за круната: Приказна за нејзиниот чичко Едвард, кој поради љубовта се откажал од престолот

Се навршуваат седумдесет години откако кралицата Елизабета Втора се искачи на тронот по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести. 

Како кралицата Елизабета Втора стигнала до тронот?

Едвард, чичкото на Елизабета II и тогашниот крал се спротивставил на конзервативниот народ, црквата, семејството, традицијата и политичките лидери на Британија и во 1936 година запросил жена која, според правилата, не можела да биде кралица.

Во јануари 1936 година, постариот син на кралот Џорџ V бил прогласен за крал на Обединетото Кралство и сите доминиони на британскиот Комонвелт и царот на Индија. Всушност, тој официјално не бил крунисан – пред церемонијата на крунисување морал да му го препушти престолот на неговиот помлад брат.

Она со што пошироката јавност не била запознаена кога Едвард станал крал, била неговата двегодишна љубовна врска со Волис Симпсон, американска државјанка и сопруга на угледниот Британец Ернест Симпсон. Тој бил втор сопруг на шармантната Волис, која неколку години претходно се развела од американскиот пилот Вин Спенсер.

This image has an empty alt attribute; its file name is 11-1-1024x584.jpg

Во десеттиот месец од владеењето на Едвард VIII се појавиле гласини дека тој, не само што има афера со Волис Симпсон, туку и планира да се ожени со неа. Кон крајот на октомври таа поднела барање за развод, што уште повеќе ги подгреало озборувањата.

Сепак, во Британија долго време сѐ се сведувало само на гласини, додека во Америка печатот нашироко известувал за љубовните маки на кралот Едвард.

Но денес е познато дека кралот трпел огромен притисок, иако не морал секој ден да се соочува со медиумски написи.

Премиерите на доминионите се спротивставиле на овој брак зашто верувале дека народот нема да прифати жена со два брака зад себе, особено зашто англиканската црква забранувала премажување кога претходниот маж уште е жив. Кралот Едвард имал на ум и дека премиерот на Обединетото Кралство, Стенли Болдвин, би поднел оставка доколку дојде до тој брак, што пак би резултирало со пад на владата и нови избори.

„Кралицата станува кралица на државата. Поради тоа при изборот на кралица мора да се слушне и гласот на народот“, напишал Болдвин во писмо до кралот Едвард.

This image has an empty alt attribute; its file name is capture-3-1024x627.jpg

Против непочитување на традицијата се побуниле и аристократијата, министрите, како и кралското семејство. Гласините оделе до таму, што на мајката на кралот, кралицата Мери, ѝ било кажано дека Волис Симпсон има некој вид сексуална контрола врз Едвард и дека тие вештини ги стекнала во кинески бордел. Полициските детективи кои ја следеле Симпсон известувале дека таа, покрај врската со Едвард, се гледа и со автомеханичарот Гај Трандл.

Сопругата на американскиот амбасадор одбила да оди на вечера во нејзино друштво. Се зборувало дури и дека кралската љубовница е нацистички агент.

Чичкото на Елизабета II и тогашниот крал се спротивставил на конзервативниот народ, црквата, семејството, традицијата и политичките лидери на Британија и во 1936 година запросил жена која, според правилата, не можела да биде кралица.

This image has an empty alt attribute; its file name is 1-1-1024x670.jpg

Парот постојано се соочувал со непријатни обвинувања, строги правила, осуди, скандали и неподносливи политички притисоци.

На Едвард VIII му биле понудени три солуции за излез од ситуацијата која довела до криза на островот. Премиерот Болдвин предложил:

– Едвард и Волис да се венчаат и таа да стане кралица и против волјата на народот и лидерите,

– да стапат во морганатски брак, однодно да се венчаат, но Волис да не стане кралица, туку да добие пониска титула од титулата на нејзиниот сопруг, или

– кралот Едвард да абдицира и децата кои евентуално би ги добил да немаат можност да застанат на престолот.

Тогаш конечно се огласил и англискиот печат. Високата и средната класа биле против кралскиот брак со двапати разведена Американка, исто како водечките дневни весници, додека „Експрес“ и „Мејл“ биле за морганатски брак.

This image has an empty alt attribute; its file name is 21-1024x788.jpg

Кралот донел одлука. По 327 дена на престолот, Едвард VIII потпишал абдикација. На 11 декември, во неговото официјално обраќање кон нацијата преку радиото Би-би-си, тој бил претставен како Неговото кралско величество принцот Едвард и изјавил дека не може успешно да ја врши неговата должност без поддршка од жената која ја сака.

Еден ден подоцна ја напуштил земјата која требало да ја води до крајот на животот и се преселил во Австрија, каде што бил претставуван со титулата војвода од Виндзор. Заедно со саканата сопруга живеел во Париз, во луксузен дом близу Бујонската шума каде што починал во 1972 година, додека животот на Волис завршил 14 години подоцна.

Титулата крал на Обединетото Кралство Велика Британија и сите доминиони на британскиот Комонвелт и царот на Индија ја добил Џорџ, помладиот брат на Едвард, кој во историјата ќе остане запишан како крал Џорџ VI, кој на 41 година се нашол на чело на империјата. Тој немал синови, па го наследила постарата ќерка Елизабета, која денес е рекордер на престолот со 70 години владеење, односно од февруари 1952 година.

Иако до нејзината десетта година било тешко веројатно дека еден ден ќе застане на престолот, тоа секако ќе се случело бидејќи нејзиниот чичко Едвард немал законски наследници, иако се шпекулирало дека има голем број вонбрачни деца.

Слични објави

(Видео) Вељко го исполни ветувањето: Расплакана Цеца му шепна емотивни реченици на синот по мечот

Еспресо

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо

Почина познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

еспресо

Раста се огласи од болница, мора итно на операција: „На безобразните им посакувам исто да ги снајде“

еспресо

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо
Се вчитува....