13.8 C
Скопје
16:42 - 25 април, 2024

Кралицата Елизабета и принцот Филип се сакаат повеќе од 70 години: Смислата за хумор е многу важна (ФОТО)

Уште во 2017 година, кралицата Елизабета II и принцот Филип славеа 70 години брак. Тоа е најдолгиот брак во историјата на кралските семејства.

Еве која е тајната на нивната љубов:

1. Брак од чиста љубов

Се случило во далечната 1934 година: осумгодишната Елизабета присуствувала на венчавката на братучедот на Филип, каде и го запознала принцот Филп кој бил пет години постар од неа. После пет години, непосредно пред Втората светска војна, Елизабета повторно го сретнала осумнаесетгодишниот Филип и веднаш се заљубила во него.

Елизабета тогаш имала само тринаесет години, но не можела да престане да мисли на него. За време на Втората светска војна, Филип служел како офицер во Кралската морнарица, а парот во тој момент уште повеќе се вљубил и меѓусебно си разменувале писма.

Во 1946 година Филип се вратил од фронтот и ја запросил Елизабета, која била многу среќна и се согласила на венчавка. Меѓутоа, парот морал да ја чува веридбата во тајност до роденденот на Елизабета. Тие официјално ја објавиле веридбата на 9 јули 1947 година, а се венчале на 20 ноември истата година.

Profimedia

2. Се жртвуваа за својата љубов

За да се ожени со Елизабета, Филип морал многу да жртвува. Прво се откажал од своите титули. Потоа се откажал и од своето германско потекло и станал британски државјанин. На ниту еден член од неговото семејство, вклучувајќи ги и неговите три сестри, не им било дозволено да присуствуваат на свадбата. Утрото пред свадбата Филип одлучил да престане со пушење, затоа што знаел дека Елизабета ја презира таа навика.

Profimedia

3. Секогаш се поддржувале еден со друг

„Кралицата носи круна, но мажот носи пантолони. Тоа е моќта која стои над престолот: непоколеблива, непрекината поддршка“, пишува Жил Брандрет во својата книга за Филип и Елизабета: Портрет на кралскиот брак.

Дека нејзиниот сопруг е нејзина најголема поддршка, признала и самата кралица за време на својот говор на денот на „златната свадба“ во 1977 година:
„Тој е некој кој не прифаќа лесно комплименти. Едноставно, тој беше и остана моја сила сите овие години.”

4. Имаат заеднички интереси

Тие сакаат исти работи: диви животни, излети, возење автомобили, јавање коњи. Времето го поминуваат уживајќи заедно.

Profimedia

5. Смислата за хумор е многу важна

Војводата од Единбург е познат како забавен човек. Благодарение на својата неверојатна смисла за хумор, ја засмејува кралицатата повеќе од 70 години.

Во 2017 година кога ѝ се обраќала на јавноста, кралицата изјавила дека принцот Филип е отсутен, но се надева дека ќе ја задржи својата единствена смисла за хумор.

Познато е дека принцот Филип на својата сопруга ѝ дал необичен прекар – „кобасица“. Поточно кралицата нема природно насмеано лице и на забавите често изгледала мрачно. За време на еден од формалните приеми во Сиднеј, Филип ѝ шепнал на својата сопруга „Не гледај така тажно наоколу, кобасице“. Се разбира, ова ја насмеало кралицата.

6. Никогаш не делеле иста соба

Во Англија, високата класа отсекогаш имала одвоени спални соби, а не е исклучок ни кралицата. Во 1949 година двојката се преселила во куќа во близина на палатата, и таму секој од нив имал своја посебна спална соба.

„Не сакате да се мачите со рчење или некој да ви го земе ќебето. А сепак, ако се чувствувате пријатно, делете ја својата соба. Убаво е кога сте во можност да бирате“, објасни еднаш леди Памела Хикс, роднина на принцот Филип.

7. Комуникацијата е секогаш присутна

Без оглед колку време поминуваат одделени еден од друг, кралицата и принцот Филип никогаш не престануваат да комуницираат. На пример, откако избувна Втората светска војна, принцот Филип служел во британската кралска морнарица и често си пишувале еден на друг.

Profimedia

8. Толеранцијата е клуч

Како што рекол принцот за време на здравицата по повод прославата за 50-годишнината од бракот:
„Главната лекција што ја научивме е дека толеранцијата е една од важните состојки на секој среќен брак. Тоа можеби не е така важно кога работите се добри, но апсолутно е од витална важност кога ќе се појават тешкотии“.

9. Се почитуваат еден со друг

Меѓу своите лични работи, кралицата дефинитивно го фаворизира својот брош, кој ѝ го подарил нејзиниот сопруг во 1966 година. Многу често го носи, дури и за време на првата божиќна порака на телевизија. Со тоа, кралицата Елизабета тивко му оддава чест на својот сопруг, принцот Филип.

10. Никогаш не жалеле поради своите одлуки

Досега кралицата Елизабета и принцот Филип поминале заедно 73 години. Дури и по толку долго време, двајцата мислат дека нивниот избор бил вистинскиот.
Кралицата уште во далечната 1972 година рекла: „Ако ме прашаат што мислам за семејниот живот по 25 години брак, можам да одговорам со еднаква едноставност и убедување, јас сум за тоа“.

Profimedia

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....