Каква е љубовната врска помеѓу оптимист и песимист?

Вие сте роден оптимист и за вас чашата секогаш е полна до половина. Вашиот партнер е песимист, но и покрај разликите помеѓу вас, вие се вљубивте во него.

Што да правите?

Без страв – врската помеѓу оптимист и песимист е возможна, сè додека и двете страни се подготвени да бидат флексибилни, пишува Your Tango.

Ако сте оптимист кој излегува со песимист

Како оптимист, уживате да ги набљудувате работите од позитивната страна. Сè додека се носите со проблемите, не дозволувате да бидете тажни.

На пример, доколку автомобилот на вашиот партнер не може да тргне а вие сте се договориле да одите на вечера, за 5 минути ќе се појавите пред неговата зграда со кабли за автомобил во една, и кошница со храна во друга рака.

Насмевката на партнерот ви беше цел свет, но не можете да се борите повеќе со неговиот песимистичен поглед на свет. Што да правите?

Најпрвин, размислете зошто се однесува така. Дали се бори со депресија или има некој здравствен проблем? Дали има трауми од детството? Дали е премногу емпатичен или се грижи за секоја ситница?

Кога ќе сфатите зошто се однесува така, ќе го разберете и ќе се обидете да му помогнете. Вашиот партнер ќе го почитува тоа што сте се обиделе да допрете до неговата интима, а вие ќе се чувствувате подобро.

Фото: Инстаграм

Доколку сте песимист кој излегува со оптимист

И вие имате свој поглед на свет, иако е малку мрачен. Доколку слушнете дека автомобилот на вашиот партнер се расипал, најверојатно ќе помислите дека тој нема да дојде бидејќи нашол девојка која е подобра од вас. Ова е најлошото сценарио што може да ви падне на ум.

Сè се менува кога ќе запознаете вистински оптимист. Неговиот позитивен поглед на свет е премногу за вас. На крајот на краиштата, вие не сте негативецот во приказната, вие сте реалист, или не е така?

Обидете се да разберете зошто вашиот партнер има позитивен став во животот. Дали сака да им помага на другите луѓе? Дали ги игнорира светските проблеми и ги засенува со вечниот оптимизам? Дали неговиот оптимизам е само маска?

Доколку вашиот партнер е ваков, обидете се да уживате во неговиот сјај и позитивна енергија. Меѓутоа, доколку сметате дека со позитивната енергија се обидува да ги замаскира проблемите, поразговарајте со него.

Слични објави

Овие јакни ќе ги носиме напролет: Модели од кои застанува здивот!

Васко Спасоски

Принцот Хари и Меган Маркл се повлекуваат од кралското семејство!

Слободен Печат

Ги излуди фановите со огромните гради – Сораја објави ново провокативно видео

Еспресо

Меколи Калкин доби голема улога, еве каде ќе го гледаме (ВИДЕО)

Еспресо

Јосипа Лисац ќе добие кривична пријава за начинот на кој ја испеа хрватската химна! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Рене Зелвегер се појави во одличен фустан со кој ги надмина Бијонсе и Анџелина Џоли! ФОТО)

Еспресо

Остави Коментар

единаесет + четиринаесет =

Слични објави

На денешен ден Балканот доби голема музичка ѕвезда, легендарните „Metallica“ го објавија албумот „Master of puppets“ и уште неколку настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Еспресо

Анџелина Џоли ќе стане мајка по седми пат!

Еспресо

Анѓела патува во Кина да ја претставува Македонија: „Ако сакав пари ќе станев политичарка, а не мисица“ (ФОТО)

Igor

Јас сум болна од луѓе кои не го сфаќаат ова сериозно: Италијанска блогерка успеа да собере три милиони евра донации за борба против коронавирусот! (ВИДЕО)

Стресот може да ви го наруши имунолошкиот систем: Како најлесно да станете поотпорни на вируси?

Еспресо

Тијана Дапчевиќ пред 25 години: На оваа фотка ниту сестрата Тамара не би ја препознала (ФОТО)

Васко Спасоски