Како да го отстраните гелот од ноктите во домашни услови без да ги упропастите?

Има некои работи кои знаеш дека не смееш да ги правиш: да стискаш мозолчиња, кубеш седи влакна или најлошото од се – да го лупиш гелот од ноктите. Досега ни велеа дека последното е навистина голем „криминал“ бидејќи, притоа можеш сериозно да ги оштетиш ноктите. Но, драстични времиња бараат драстични мерки. Доколку сте заглавени со гел маникир во време кога сите салони се затворени, во овој подвиг можете да се впуштите и сами.

1. Отстранете го површинскиот слој

Употребете помека турпија и нежно отстранете го заштитниот површински слој. Доколку имате лак за сјај, продолжете се додека не стигнете до потемелна боја. Тоа е важно бидејќи ќе се овозможи ацетонот да помине до најдлабоките слоеви и да го убрза процесот на вадење на гелот. Кога ноктот ќе е мат, спремни сте за следниот чекор. Внимавајте да не претерате со турпијата и стигнете до вашиот вистински нокт. Доколку сте невнимателни и го уништите горниот слој од вашиот нокт, тој ќе започне да се витка, ќе ослабе и тешко ќе се опорави од истото.

2. Замотајте ги ноктите

Unsplash/Daiga Ellaby

За да го растопите гелот, натопете памук со 100% ацетонски отстранувач на лак, ставете го на ноктите и потоа замотајте со алуминиумска фолија, но навистина цврсто за да се засили делувањето на ацетонот. Можете преку сето тоа да ставите дури и ракавици. Со така завиткани нокти почекајте минимум 15 минути.

3. Отстранете ја преостанатата боја

Кога ќе ја отстраните фолијата и памукот, лакот би требало да биде скоро цел отстранет. Тоа што ќе остане околу кожичката, многу внимателно исчистете со дрвено стапче за кутикули. Доколку не се тргнал целиот лак, повторете го претходниот чекор и држете го памукот натопен во ацетон уште 5 минути. Немојте да притиската или пак стругате со турпијата по ноктите, бидејќи сега се веќе многу меки и може лесно да се оштетат.

4. Хидратација, хидратација, хидратација!

Откако ќе ги отстраните лакот и гелот, ноктите и кутикулите ќе бидат многу суви, па затоа измијте ги рацете и нанесете крема за хидратација и на кутикулите и на ноктите за да ја вратите влажноста. Остајте ги ноктите барем недела дена да се одморат од делувањето на ацетонот и негувајте ги рацете со хранлива и хидратациска крема. Добар трик е маслото или обичниот лосион за раце да се загрее неколу секунди во микто (немојте премногу, може да се изгорите), ставете го во гумени ракавици, па потоа ставете ги ракавиците. Држете така 10 минути.

Слични објави

Мина Костиќ за првата средба со Брена: Ме праша од каде сум и ми кажа да ѝ донесам 40.000 марки!

Васко Спасоски

Камила не била единствената љубовница на принцот Чарлс: Само оваа жена вистински го разбирала! (ФОТО)

Еспресо

Дино Мерлин за првпат стана дедо: Неговото внуче името го доби според прадедото

Еспресо

Актерката воодушеви со изборот: Совршен стајлинг за есенските денови (ФОТО)

Igor

Шест причини поради кои вашето момче нема да се ожени со вас!

Васко Спасоски

Песната „Radio Ga Ga“ слави 36-ти роденден: Дали знаевте дека во неа се зборува за Черчил и инвазија на Марсовци? (ВИДЕО)

Еспресо

Остави Коментар

пет + 1 =

Слични објави

Ријана за првпат со дураг на насловна на Вог: Единствената работа која навистина може да го подигне детето е љубовта

Еспресо

Вилдане дефинитивно НЕОДОЛИВА (ФОТО)

Igor

И ТИТО му бил фан: Кирк Даглас во Југославија прокоцкал 100.000 долари за една ноќ (ВИДЕО)

Еспресо

Сајмон и Гарфанкел го објавија првиот мегахит, Клептон и Арета Френклин со албуми кои им ја променија кариерата и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Еспресо

Длабоко деколте, шлиц, проѕирен корсет: Синоќа црвениот тепих го запалија НАЈФАТАЛНИТЕ жени (ГАЛЕРИЈА)

Igor

Направете целосна детоксикација на организмот

Теодора Циклевска