12.8 C
Скопје
16:18 - 23 април, 2024

Како да ги снема брчките на челото?

Брчките на челото и помеѓу веѓите се појавуваат со текот на годините, но на нивната видливост влијаат и многу други фактори кои можеме ефикасно да ги отстраниме. Вреди да се фокусирате на спречувањето на брчките, а не само отстранувањето на постоечките линии. Како се формираат брчките на челото и како да се спасите од нив? Дали е можно да ги елиминирате дома?

Брчките на челото се надолжни бразди на кожата. Најчесто се појавуваат во облик на хоризонтални линии над веѓите и вертикално помеѓу веѓите. Хоризонталните брчки на челото можат да бидат резултат на природен процес на стареење, кога кожата ја губи дебелината и еластичноста како резултат на губењето на хијалуронската киселина и колагенот. Еластинот и состојките кои влијаат на нивното продуцирање се на пимер витамините А, Ц, Е, колагенот и губењето на киселината. Хијалуронската киселина со текот на времето ја губи способноста да ја поддржи кожата. Мимичките брчки се предизвикани од движењето на мускулите на лицето одговорни за изразите на лицето. Кога говориме, се смееме или се лутиме, брчките постепено се зајакнуваат и стануваат сè повидливи.

Мимичките брчки на лицето обично се појавуваат помеѓу 25-30 година. Брчките на челото се резултат на начинот на кој живееме. Нивното појавување го предизвикуваат неправилната храна или стимулантски – пушењето и злоупотребата на алкохол. Кожата ја уништуваат токсините и слободните радикали присутни во загадено опкружување и доаѓаат до телото преку дигестивниот тракт заедно со слатките, брзата храна и засладените газирани пијалаци. Можат да настанат и доколку спиете така што ја собирате кожата во сонот или поради штетните ефекти од сончевите зраци, кои го забрзуваат стареењето на кожата и предизвикуваат брчки и промена на бојата.

Како да ја спречите појават на брчките на челото?

На прераната појава на брчките генерално влијаат гените и не можете да ги менувате, но затоа можете начинот на кој живеете секојдневно. За да ги спречите брчките, морате да развиете правилни навики за негување на лицето. Основа би требало да биде секојдневната нега со крем против брчки и хидрантна крема која содржи колаген и еластин, витамин А и Е, хијалуронска киселина и антиоксиданси. Чест проблем е видливата „лавова брчка“ или малите, вертикални линии помеѓи веѓите.

За да ја спречите нивната појава доволно е да го контролирате изразот на лицето – најдобро е да го избегнувате вообичаеното муртење и да се обидете да ја задржите опуштеноста во овие предели. Добро е да имате очила за сонце кои ќе ви помогнат да не се муртите. Практикувајте масажи на лицето кои ќе ви ја подобрат циркулацијата.

Можете да ги тренирате муслулите на лицето – јога на лицето ќе ја направи вашата кожа еластична и ќе ви помогне да ги опуштите затегнатите мускули. Видливите, фиксирани брчки тешко е да ги елиминирате, па понекогаш морате да посетите козметички салон, каде што искусен козметичар ќе ви помогне да одберете начин за отстранување или намалување на брчките на челото.

Крема против брчки на чело

Видливоста на брчките на челото може да се намали со употребата на професионални креми против брчки кои ја подобруваат елатичноста на кожата. Вистинската крема треба да ја обнови и регенерира кожата, измазнувајќи ја и намалувајќи ја појавата на брчките.
Кремата или серумот против брчки треба да содржи супстанции кои се извор на колаген и еластин, како и витамини што ѝ се потребни на кожата. Кремите со додаток на хијалуронска киселина се богат извор на природни состојки и го забрзуваат процесот на обнова на клетките. Кремата против брчки на челото треба да содржи SPF за да го заштити челото од УВ-зраците.
Против брчки со домашни маски за лице
Брчките на челото може да се елиминираат и со домашни препарати кои помагаат да ја нахраните и хидрирате кожата. Благодарение на тоа, можеме да ги измазниме брчките на челото и да ја намалиме нивната видливост со сок од зелка или мед, банани и лимон.
Листовите од зелката треба да ги исецкате и да ги процедите, нанесете на челото и измијте го со ладна вода после 20 минути. Маската од сок од зелка има зацврстувачко дејство.
Друга опција е комбинирање банана со каша од мед и малку сок од лимон. Добиената каша треба да се нанесе на челото, а откако ќе се исуши се мие со млака вода.
Пред да ја нанесете маската направете пилинг, на пример од банана со шеќер, од кафе или едноставен пилинг подготвен од природен јогурт и овесни снегулки.

Естетската хирургија како современа опција

Доколку третманите се покажат како неефикасни, искористете ги третманите на естетската медицина кои ги нудат и салоните за убавина и Клиниката на естетска хирургија. Популарно решение за фиксните брчки на челото е пилингот на површинските слоеви на епидермисот. Во зависносност од длабочината и бројот на брчките, за пилинг се користат различни супстанции, вклучувајќи и киселина како што се млечна и гликолна киселина.
Пилингот не е препорачлив за одредна категорија на луѓе

Пилинг не се препорачува на трудници и доилки, личности заболени од рак и алергични на киселини. Инвазивните методи за отстранување на брчките на челото се на пример пополнување на брчките на челото со ботокс или ласерски.

Најефективниот третман со ласер овозможува долгорочно отстранување на брчките на челото. Овие типови на методи не треба да се користат главно кај лица со карцином, бремени и доилки, како и кај лица со псоријаза и дијабетес.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....