13.8 C
Скопје
17:42 - 23 април, 2024

Како да ги смирите вознемирените деца во изолација или карантин?

Децата често се првите кои негативно реагираат на тензијата во семејството. Па, можно е меѓу нив да почнат несогласувања и „тепачки“ многу повеќе од вообичаено, посебно во време на пандемија.

– Понекогаш родителите немаат разбирање за нивните препирања, а особено во вакви моменти кога владее паника заради коронавирусот – вели педијатарот д-р Џени Радески, портпарол на американската Академија за педијатрија.

Ова се совети на експерти за детски развој, наменети за родителите, по барање на Си-ен-ен, за да добијат одговор на прашањата за проблемите кои можат да настанат, а се однесуваат на конфликти меѓу децата за време на вонредна ситуација во светски рамки.

Како да реагирате и што да направите?

– Ако родителите се однесуваат анксиозно, борбено, стресно, и децата истото ќе го прават. Прво треба да обрнете внимание на тоа како се однесувате како родител во домот – вели педијатарот д-р Тања Алтман.

Што ако не сме свесни дека изгледаме вознемирено?

– Проверете со своето тело. Притоа не мислам на грозница или кашлање; проверете дали чувствувате срцето да ви чука забрзано и посилно? Дали имате проблем со спиењето или ви е вознемирен стомакот? – потенцира Радески, доцент на педијатрија на Универзитетот во Мичиген, специјалист по детски развој.

– Тоа се начини на кои стресот влијае на вашето тело, за кои можеби не сме ни свесни, бидејќи веќе сме се навикнале на овој тип хронична хипервизија. Контрола на своите емоциии и обид со нив да се носите на здрав начин, се првите превентивни мерки кои ќе спречат многу детски несогласувања и караници – вели Радески.

Како можеме да знаеме дека стресот е поттикнувач на негативното однесување кај детето?

Дали вашето дете на некој специфичен начин го покажува своето вообичаено стресно однесување? Некои деца се немирни, други повеќе се контролираат или ги повторуваат работите и секогаш на ист начин. Некои пак, стануваат наметливи.

Некои сакаат да бидат сами, ако може да играат игри по цел ден. Примамливо е да ги пуштиме сами, но сепак треба да разговараме со нив секој ден, во секој момент.
Децата можат да бидат загрижени како ќе им одговори родителот.

– Тие знаат дека помалку ќе им „викаме“ или дека ќе почнеме да ги „гњавиме“ поради она што го прават и остро ќе реагираме – објаснува Радески.

– Кога зборуваме за развојниот период на децата, тие немаат внатрешни ресурси како ние, за да можат да управуваат со ова ниво на стрес и фрустрации. Тоа на крај резултира со конфликт, бидејќи не знаат како поинаку да го изразат она низ што поминуваат – вели психологот Вејл Врајт, директор на Клинички истражувања во американската психолошка асоцијација.

Родителите треба да имаат на ум дека разговорите за возрасни треба да ги водат откако децата ќе заминат на спиење, за да не ги слушнат.

– Сите овие чекори, како и обрнувањето внимание на своето однесување и самоконтролата, се корисни техники за да се детектира што го предизвикува детското однесување и да се применат вештините во општата паника која се случува околу нас, не е лесно – вели Радески.
Што и да правите внимателно комуницирајте со децата за коронавирусот, од клучно значење е за родителите да бидат искрени, да не лажат колку е сериозна ситуацијата, но комуникацијата треба да предизвика чувство на смиреност и отпорност. Ако паничите и тие ќе паничат, нагласува Врајт.

Кои се начините да се избегнат и да се намалат конфликтите меѓу децата?

Направете пауза, децата ќе земат здив и ќе ги смират емоциите, бидејќи тешко е да се води конструктивен разговор кога се измешани емоциите.

Без грди имиња: Немојте да дозволите децата меѓусебно да се нарекуваат со грди имиња.
Бидете усредоточени на сегашноста: Не треба да допуштите децата да се расправаат за нешта кои се случиле вчера или пред една недела. Решавајте ги караниците во моментот.

На децата им е потребна навика. Потребни им се како продуктивни активности, така и пауза. Всушност, потребен им е распоред на активности кои ги разбираат и можат да ги завршат. Тоа е воедно и одличен начин да се намалат и спречат.

Исфрлање на вишок енергија е уште еден начин

Децата најчесто се однесуваат агресивно кон своите браќа и сестри, бидејќи убаво се чувствуваат кога се физички активни, кога туркаат предмети или ги удираат, за да ги исфрлат наталожените нервоза и возбуда. Играта со борби, трчање во двор и сличните активности можат да помогнат да се исфрли вишок енергија.

Оставете ги децата да го кажат своето

Размислувајќи од друга перспектива понекогаш и на децата им е потребна помош за да го разберат другиот. Кога ќе се случи конфликт, помогете им да се разберат едни со други и дајте им прилика сами да дојдат до решение. Прашајте ги:

Што би направиле вие поразлично следниот пат?

Дајте им можност да поработат на заедничко решавање на проблемот, дајте им да почувствуваат контрола.

Многу деца, особено помалите, не знаат како би ги опишале желбите кои посакуваат да им се исполнат. Родителите кои добро ги познаваат можат да бидат нивниот „глас“ што им е потребен.

– Често гледам дека многу деца се караат со други деца, бидејќи едноставно не можат да си ги објаснат едни на други плановите. Немаат ни јазик, ниту социјални вештини за да преговараат или да направат флексибилен план – вели Радески.

Во таква ситуација можеби ќе мора да се вмешаат родителите и да им понудат решение, како што е поставување тајмер:

– Еј, со тоа си играш 10 минути, а со ова другото 10 минути.

Според наведеното, во намалувањето на судирите помеѓу децата може да помогне и креирањето кооперативност, како што е однос деца против родители во некоја друштвена игра. Тоа ќе им се допадне на децата и ќе работите заедно наместо да се карате. Треба да ги потсетите дека се во ист тим.

Не заборавајте на себе

Најважното што може еден родител да го направи за да се одржи мирот помеѓу децата во семејството е да бидат пријатни и грижливи едни спрема други, како и спрема себе.
Една од работите кои родителот треба да ги направи, е да одвои време за себе, иако во днеешно време е навистина тешко. Но, нема да имате сили за сопствените деца ако не водите сметка за себе. Тоа може да биде само 10 минути мир или длабоко дишење, за да се свртите кон себе.

И уште една клучна порака од Редески:

-Не се обвинувајте себеси. Некогаш можеби погрешно ќе процените, другпат можеби ќе интервенирате прерано. Тоа е сосема во ред и е дел од процесот.

Слични објави

„Се степав на училиште поради мајка ми“: Анастасија Ражнатовиќ си ја отвори душата за најтешките моменти од детството

Еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо
Се вчитува....