13.8 C
Скопје
08:13 - 16 април, 2024

Имала коса до под што ја миела со коњак и лице без флеки на кое ставала крема од полжави: Како царицата Сиси ја чувала својата убавина?

Елизабета од Баварија, позната како царицата Сиси, била позната по витката половината, која била со обем од само 48 сантиметри. Затоа, не изненадува што на менито на оваа европска убавица имало мали количини храна и нискокалорични намирници, како што се белки од јајца, и таа само повремено себеси си дозволувала слатки задоволства, како што е шербет од јагоди.

1. Ја миела косата со жолчки од јајце и коњак

Царицата Сиси имала коса долга до глуждовите, што била нејзина најголема гордост. Иако и била толку долга и тешка што и создавало главоболки, таа не сакала да ја скрати. На секои 14 дена, слугите и ја миеле косата со комбинација на коњак и жолчки од јајца, а миењето, поради должината на нејзината коса, можело да трае цел ден.

Profimedia

2. Се капела во маслиново масло

Секоја вечер се капела во топла вода која била збогатена со маслиново масло за да ја задржи кожата мека и мазна. Маслиновото масло содржи витамини А и Е, кои имаат корисен ефект врз кожата.

3. Го прскала лицето со оцет од темјанушки

За да ја заштити кожата на лицето од црвенило и воспаление, редовно се прскала со вода од роза или лаванда. Во посебни прилики, користела оцет од темјанушки, кој било направено од свежо набрани цветови од темјанушка, јаболков оцет и дестилирана вода.

Profimedia

4. На лицето нанесувала крема од рози

Според легендата, Сиси никогаш не го напуштила замокот без да ја хидрира кожата на лицето. Обично на лицето нанесувала крем што и го правеле слугите. Околу дваесет пупки од ружа се вареле во малку дестилирана вода, а потоа се мешале со ланолин и несолен путер. Овој крем се чувал на ладно место.

5. Спиела со телешко месо на лицето

Царицата повремено спиела со парче телешко месо на лицето, кое ќе го врзела или стабилизирала за лицето со специјална маска од кожа. Црвеното месо имало антиинфламаторно дејство, додека кератинот делувал како маска против стареење.

Profimedia

6. Ставала маска од белки од јајца

Омилената маска за лице на царицата Сиси се состоела од 60 милилитри вода од роза, 30 милилитри млеко, 15 милилитри сок од грозје, 5 капки есенцијално масло од темјан и две изматени белки од јајца. Таа ја ставала оваа маска на лицето пред спиење, а изутрината ја исплакнувала од кожата.

7. На лицето нанесувала крема од полжави

Таа била многу напредна во нејзините рутини за убавина и користела крема за лице на база на полжави, чии корисни ефекти врз кожата им се познати на познатите дами и во денешниот свет. Нејзиниот крем се состоел од маснотии, корен од слез и сецкани полжави. Го чувала на лицето четири часа.

Profimedia

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....