3.8 C
Скопје
01:35 - 19 април, 2024

Девет работи кои ќе ви се случат доколку се впуштите во врска со најдобриот пријател!

Заљубувањето во најдобриот пријател може да биде многу запрепастувачко сознание. Се преиспитувате за ризикот кој вашите чувства го претставуваат за силното пријателство, но не можете да си помогнете на себе, бидејќи тие чувства се посилни од желбата да ги занемарите.

Со започнување романтична врска со најдобриот пријател можете да стекнете многу, а најважно е безусловната доверба. Сепак, нешто во таквите односи и се губи. Дознајте кои 9 работи може да ги очекувате доколку го послушате своето срце и се впуштите во врска со пријателот, пишува Pop Sugar.

1. Секогаш знаете за што размислува

Не мора многу да се потрудите да ги прочитате мислите на вашиот најдобар пријател. Веќе знаете како размислува. Додека во врска со некој кого го знаете многу пократко би морале да ја анализирате секоја ситница, со најдобријот пријател не морате ништо.

2. Помислата на секс е луда… на почетокот

После толку разменети приказни за сите луѓе со кои сте спиеле, сега сте во ситуација да и меѓусебно бидете интимни. Доволно ви е комотно да низ смеа се впуштите во неспретна авантура, се додека не настапи романсата и сексот стане врвен.

3. Ќе посакате денот да трае подолго

Во почетокот нема да можете да се заситите еден од друг. Сега сте во можност да правите се што сте правеле како пријатели покрај бројни нови работи, поради што тешко ќе се двоите еден од друг, но важно е да пронајдете време и за останатите сакани личности во својот живот.

4. Нема да престанете да се задевате еден со друг

Доколку секогаш сте се задевале еден со друг поради своите „бубачки“, нема толку лесно да престанете со тоа, само што сега најверојатно задевањето ќе заврши со бакнеж.

Instagram

5. Ве мачи непрекинат страв

Се плашите дека ќе ја изгубите најважната личност во својот живот. Тој е и ваш пријател и ваш партнер. Не е невообичаено да се преокупирате со мислите дека вашата врска можеби нема да успее. Побарајте совет од некоја драга личност, мајка или некој друг пријател. Тоа сигурно ќе ве смири.

6. Планирање на вечера ќе биде полесно од било кога

Со оглед на тоа дека сте се навикнале да ги делите оброците еден со друг, нема да ви биде напорно да ги планирате заедничките вечери, макар да се работело за едноставно нарачување на пица. Исто така, ќе се чувствувате доволно комотно во негово друштво, па нема да размислувате за тоа како ќе изгледате додека јадете.

7. Ќе се испокарате порано отколку што очекувате

Никогаш нема да ви биде страв на другата личност да и кажете точно како се чувствувате. Доколку сте лути, постои помала веројатност дека тоа ќе го криете, бидејќи сте се навикнале да изнесете се на виделина со најдобриот пријател. Вашиот пријател е веќе запознаен со работите кои ви сметаат и нема да се устручавате да го потсетите на тоа.

8. Ќе започнете да обрнувате внимание на својот изглед во негово друштво, доколку тоа не сте го правеле порано

Вашиот пријател ве видел во различни изданија и пред него секогаш сте биле опуштени. Сепак, сега ќе обрнувате внимание на тоа да го истакнете она што ве прави привлечни и ќе уживате во тоа.

9. Вашата врска вреди

Никој никогаш нема да ве посоветува да се заљубите во својот најдобар пријател поради ризикот кој тоа го претставува. Доколку работите тргнат наопаку, можно е да изгубите некој кој претставува важен дел од вашиот живот. Исто така, нема посилни врски од оние кои врзуваат две личности кои се сакаат, кои даруваат насмевки, грижа и подршка еден на друг. Во животот ќе носите одлуки кои на прв поглед ќе ви изгледаат залудни, но послушајте го своето срце.

Слични објави

Почина модниот дизајнер Роберто Кавали, кралот на животинскиот принт

еспресо

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо
Се вчитува....