21.8 C
Скопје
14:04 - 28 март, 2024

Денеска е ДЕН НА ПРЕЉУБНИЦИТЕ, а еве кој и како го одбележува!

Утре е денот на вљубените, светски празник на љубовта, кој кај нас се празнува како Свети Трифун.

Чоколада, подароци во облик на срциња, пораки и какви било други изливи на љубов, на овој ден се разменуваат ширум планетата.

И додека општата љубовна еуфорија владее кај многумина, повеќе кај младите, има и такви кои не гледаат ништо искрено во овој празник.

Како што велат противниците на Денот на вљубените, љубовта не се слави само еден ден, туку 365 дена во годината, а 14 февруари е само прилика да си ги „испразните“ џебовите.

Ден порано, на 13 февруари, во голем број на западни земји се одбележува и еден друг празник, кој, на некој начин, исто така има врска со љубовта.

Станува збор за Денот на прељубниците, односно празникот кој го слават сите кои се во тајни врски со „зафатени“ личности.

Според истражување на компанијата „Seeking arrangement“, најголем светски сатј за запознавање, Денот на љубовниците е ден кога оженетите мажи ги слават оние „други жени“ во совјот живот, на тој начин што ги водат во екстравагантни хотели и на романтични вечери.

Бидејќи нема да можат да бидат со нив за Денот на вљубените (поради тоа што тој ден ќе го поминат со сопругата или девојката), вака на некој начин им „изјавуваат љубов“ и на ним, односно им даваат до знаење дека и тие имаат посебно место во нивниот живот.

Слични објави

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо

Која е тајната на косата на Трамп: Бојадисување на негов начин, лекови и трансплатација

Еспресо
Се вчитува....