7.8 C
Скопје
00:04 - 29 март, 2024

Денес се слави Прочка, празникот на проштевањето, простете и ќе ви биде простено!

Прочка или Велики Поклади е голем христијански празник и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Прочка доаѓа после неколку зимски празници, како што се Бадник, Божиќ, Водици, Свети Трифун, а предвесник е на пролетните празници – Тодорова Сабота, Летник, Благовештение, Цветници, Велигден.

Со Прочка, всушност, започнуваат најстрогите и најдолгите пости – велигденските пости. Според православното учење, велигденскиот пост нè учи на покајание, простување и вистинска молитва, а целта е во мир, спокојство и тишина да се дочека најголемиот христијански празник, Велигден, зашто вербата во воскресение е основа на христијанството.

Се смета дека во периодот на големиот пост треба да се влезе без гревови, па затоа Прочка е ден за простување и веселба, еден вид на голема духовна метла. Најприменуваниот обичај е на Прочка да се простат кавгите и навредите. Според народното верување, помладите одат кај постарите да побараат простување, а при овој свечен чин, се носи и подарок. Простувањето се бара со зборовите „прости ми, да ти простам“, а оној што простува одговара „нека ти е простено“, или – „Бог да прости, лесни пости!“

Инаку, зборот „прочка“ потекнува од старомакедонскиот словенски збор „проштение“ (проштати, односно проштева). Денес, додека човекот простува на човека, небото ѝ простува на земјата.
Различни пагански обичаи се врзуваат за овој празник. Народните верувања го поврзувале овој период со зголемена опасност од зли сили и вештерки, од кои народот се штител на симболични начини, на пример, со лук, со маскенбали или со палење на огнови, а често на Прочка се гатало, особено со помош на јајца. Познати се и обичаите за чистење од вошки, болви и од други штетници.
Сепак, од верски аспект, само простувањето како обичај има верска основа.

За Прочка се подготвува богата трпеза на која треба да има месо и, според традицијата, крај трпезата се повикуваат сиромашните да се замрсат.

Прочка е еден вид на духовен пост, а од утре започнува телесниот пост, кој се одликува со воздржување. Затоа, денес слободно мрсете, а од утре на пост.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....