10.8 C
Скопје
08:25 - 19 март, 2024

Даниел Крег едвај ја прифатил улогата за Џејмс Бонд!

Откако пред 5 години го глумеше Џејмс Бонд во филмот „Spectre“, Даниел Крег изјавил дека веќе никогаш нема да се појави во улогата на тајниот агент 007.

Всушност, тогаш рекол дека попрво ќе ги исече своите зглобови, отколку повторно да ја прифати улогата на Џејмс Бонд. Сега во интервју за Entertainment Weekly открил зошто после филмот повеќе не ја сакал таа улога, како и зошто сепак ја прифатил за новиот филм „No Time to Die“.

„Завршив со снимањето на филмот со скршена нога“, објаснил Крег и додал дека се прашувал дали може физички да издржи снимање на уште еден Џејмс Бонд филм. „Не е пријатно кога ќе се јавите на сопругата и ѝ кажете дека сте ја скршиле ногата“, рекол Крег мислејќи притоа на својата сопруга, актерката Рејчл Вејз. Меѓутоа, продуцентката на филмот Барбара Броколи била таа која го убедила Крег да ја прифати улогата на Џејмс Бонд во уште еден филм.

„Креф на крајот од снимањето на филмот „Spectre“ сметаше дека заврши со таа улога. Му реков: Не мислам дека си завршил, постои уште приказни за твојот Џејмс Бонд кои треба да се раскажат“. Среќа, тој на крајот се согласи со тоа“, изјавила Барбара Броколи. Даниел Крег потврдил дека „No Time to Die“ дефинитивно е неговиот последен филм во кој се појавува како Џејмс Бонд и тоа со зборовите „Тоа беше тоа. Готово е“.

„No Time to Die“ кој го режираше Кери Јоџи Фукунага, во британските кино-сали ќе се појави на 1 април.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....