Брзо, лесно, превкусно: Колач со јаболка и павлака

Состојки:

За тесто:

125 грама брашно
1 жолчка од јајце
50 грама шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
100 грама мелени лешници
100 грама путер

За фил:

1 килограм јаболка
50 грама суво грозје
200 милилитри кисела павлака
150 грама шеќер
5 јајца
1 лажица пудинг од ванила
200 милилитри слатка павлака
1 лажица шеќер во прав

Подготовка:

Ставете го потребното количество брашно во подлабок сад, додајте ги жолчката, шеќерот, ванилиниот шеќер, мелените лешници и исечканиот путер. Со раце измесете тесто од овие состојки. Добиеното тесто завиткајте го во најлонска фолија и оставете го да отстои во фрижидер околу еден час.

Откако ќе го ставите тестото во фрижидер, вклучете ја рерната на 180 степени и оставете ја да се загрева. Потоа, излупете ги јаболката и исечкајте ги на ленти. Прелијте ги јаболката со лимонов сок за да не потемнат и оставете ги настрана.

Кога ќе помине потребното време, извадете го тестото од фрижидер и со сукало развлечете го тестото. Добиеното тесто, ставете го во калап за подготовка на тарт. Врз тестото ставете ги јаболката, а одозгора наросете со суво грозје.

За да го прелиете колачот, измешајте ја киселата павлака со шеќерот и со јајцата. Потоа, измешајте го и прашокот за пудинг како и слатката павлака.

Со добиената смеса прелијте го колачот. Ставете го да се пече околу 30 минути. Испечениот колач оставете го да се излади, а потоа наросете го со шеќер во прав.

Слични објави

Како српскиот принц Ѓорѓе Караѓорѓевиќ завршил во лудница?

Еспресо

Анабела прозборе за бракот со Гаги: Ги криев модриците од ќотекот! (ФОТО)

Igor

Шарена посна салата

Igor

Песто коријандер, за мерак, здравје и детоксикација

Igor

Ова мало куче вреска додека ја гледа омилената серија (ВИДЕО)

Еспресо

Првиот сопруг го скрши на ситни пачиња: Руската Пепелашка се мажи за познат милијардер (ФОТО)

Слободен Печат

Остави Коментар

3 + оне =

Слични објави

Аделина Тахири во бикини ќе ве остави без здив (ФОТО)

Igor

Дневен хороскоп: Денот е одличен за средби со старите пријатели

Еспресо

Кејт Мидлтон: Мачнините за време на бременоста постојат и во кралското семејство

Еспресо

Домашна супа која е вистински терминатор за грип и настинки

Еспресо

НАЈГОЛЕМИОТ СЕКС СКАНДАЛ ВО БЕЛАТА КУЌА: Клајв Овен и Сара Полсон во аферата Клинтон-Левински

Еспресо

Погледнете како изгледала Богдана Ражнатовиќ пред сите естетски операции! (ФОТО)

Еспресо