Ако готвите сѐ со маслиново масло, не му правите услуга на здравјето

Маслиновото масло го славиме како супер здраво, една од многу здравите масти и тоа е навистина така. Но, не во секој случај. Со готвењето и со пржењето, маслиновото масло губи некои биофеноли, лесно испарливиот алкохол и естерите, така што неговиот мирис се менува, но неговата хранлива вредност останува иста. Сепак, не би требало да се прегрее. На високи температури, неговата структура се менува и се ослободуваат некои штетни супстанции.

Висок притисок, атеросклероза

Повеќето масла се состојат од повеќекратни незаситени масти, кои се многу чувствителни на светлина и топлина. Кога го загревате маслото, неговата хемиска структура се менува. Доаѓа до оксидација, што го поттикнува создавањето на слободните радикали. Во суштина, тоа значи дека одредени нездрави честички влегуваат во нашето тело и се „прикачуваат“ на здравите клетки, поради што тие повеќе не можат добро да функционираат. Што, последично, може да биде поврзано со високиот крвен притисок, атеросклерозата, побрзото стареење на кожата и зголемениот ризик од развој на рак.

Не е сѐ така црно

Сепак, за ова лошо сценарио се потребни многу високи температури при готвењето. Маслиновото масло има во себе висок процент на олеинска киселина, па е отпорно на оксидација и на хидрогенизација, кои настануваат многу подоцна во маслиновото масло отколку кај маслата од семиња. На пример, кога само ќе го загрееме додека со него го зачинуваме варениот зеленчук, нема да дојде до тоа.

Потребна е многу повисока температура, што значи дека проблемот настанува ако во него пржиме храна. Но, тука постојат поделени мислења. Одреден број експерти тврдат дека маслиновото масло престанува да биде здраво ако се загрева на многу висока температура, додека, пак, други велат дека тоа е најстабилно од сите масти и дека неговата температура на чадење (210 степени Целзиусови) е значително повисока од потребната температура за пржење и печење храна во маслиновото масло (околу 180 степени Целзиусови), така што тоа, сепак, нема да се случи.
Но, во секој случај, докажано е дека дел од важните и корисните материи од маслото, како што се омега-3 масните киселини и антиоксидантите, пропаѓаат во овој процес.

Затоа е подобро со маслиново масло, како и со сите масла што имаат специфичен мирис, да се подготвуваат салатите или да ги додавате во веќе готовите оброци.

Слични објави

Оваа убавица е фитнес инспирација која може да биде пример за секого! (ФОТО)

Еспресо

Енди Гарсија вистински шармер и на 63 години – Дали би можеле да го препознаете денес? (ФОТО)

Еспресо

НА ХАРИ ЌЕ МУ СЕ СЛОШИ: Бившиот дечко на Меган е толку сладок што го нарекуваат ШЕЌЕР (ФОТО)

Igor

Роден е Џејмс Тејлор, „Velvet underground“ на чело со Лу Рид го објавија својот деби албум и други настани кои ја одбележаа музиката на историјата…

Еспресо

Роберт Де Ниро: Како тинејџер бил член на италијанска банда, а подоцна се прославила со улогите на мафијаш

Еспресо

Предимензионираната гардероба станува сè поактуелна: Дали сте доволно храбри да облечете нешто вакво?

Еспресо

Остави Коментар

два + четири =

Слични објави

Грчката новинарка е атракција на Светското првенство во Кина, но погледнете ја како изгледа во бикини (ФОТО)

Igor

Сајмон и Гарфункел го објавиja 4. издание, „Идоли“ почнаа со снимање на првиот албум и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Еспресо

Патуваме во Кенија – Погледнете го луксузниот ресорт Laikipia Plateau Segera Resort (FOTO)

Еспресо

Принцот Луи полни две години: Фотографиите што ги објавија Кејт и Вилијам се симбол на надеж во борбата против коронавирусот

Еспресо

Присила Присли: Преку ден ученичка, навечер фатална жена (ФОТО)

Слободен печат

Џастин Бибер отворено проговори за својот сексуален живот!

Еспресо