14.8 C
Скопје
09:11 - 29 март, 2024

Ако доживувате барем половина од овие работи, можеби е вистинско време да дадете отказ на работа!

Психотерапевтот Ејми Морин вели дека непријателското опкружување на работа го уништува животот на вработените, а во екстремни ситуации доведува и до депресија.

Според нејзините зборови, проблемот се создава кога работниците влегуваат во замка од која тешко се излегува.

Сите имаат лош ден на работното место, но подолунаведениве работи се јасни знаци дека работата им го уништува животот на вработените:

Постојано мислите на работата

Викендот е резервиран за одмор и релаксација. Кога вработениот ќе си дојде дома, а со мислите е на состанокот на работа кој не поминал како што треба, се влошува квалитетот на приватниот живот.

Постојаната грижа за работните обврски се поврзува со појава на депресија. Морин вели дека многу работници токму поради оваа причина не уживаат во слободното време.

Константни жалби

Незадоволниот работник троши многу време и енергија пробувајќи да им објасни на пријателите и семејството колку му е тешко. Овие жалби носат моментално олеснување, меѓутоа ви ја одземаат менталната сила.

Дружењето со колегите исцрпува

На секого му е потребно понекогаш да биде сам, но задоволните работници уживаат со своите колеги. Ако работата ви предизвикува проблеми, немате потреба постојано да се дружите со колегите, бидејќи со нив сиурно ќе разговарате и за работа, а тоа дополнително ќе ве исцрпи.

Отфрлување на добрите страни на работата

Психичката слабост прави работникот секогаш да ги согледува само недостатоците на работното место. Дури и кога ќе се случат низа на позитивни работи, вработениот паѓа во очај поради некој безначаен проблем. Лошото расположение прави сите искуства да станат неважни, пишува „Business insider“.

Здравствени проблеми

Депресијата не влијае само на менталното здравје. Таа често се манифестира и со болки во стомакот, главоболки и останати потешкотии. Се загрозува имунитетот на работникот, па поради психичкото незадоволство, лицето почесто се разболува.

Потешко станување од кревет

Кога вработениот знае дека на работа го очекуваат нови нептријатности, сака да го преспие работниот ден, па едноставно му е многу тешко да се рабуди кога ќе го слушне алармот наутро.

Раздразливост

Трпението не е особина на работниците кои се незадоволни од својата работа. Причината за кавга со надредените може да биде и сосема безначајно прашање за роковите за извршување на работната задача.

Лажни боледувања

Кога работата предизвикува физички и психички проблеми, работникот прави се за да избегне брзо враќање во фирмата во која работи.

Неделно попладне исполнето со страв

Незадоволниот работник не ја сака неделата. На него му станува тешко уште при самата помисла дека се приближува понеделник.

– Напнатоста е честа појава, а голем број на вработени во тие моменти чувствуваат тага – објаснува Морин.

Анксиозноста се појавува поради самата помисла дека викендот е при крај, а мислењето на работните обврски го уништува слободното време.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....