-7.2 C
Скопје
01:36 - 9 февруари, 2023

Патот кон себе: Тажниот понеделник

Изминатиот понеделник беше т.н. тажен понеделник (Blue Monday), најдепресивниот ден во годината. Вообичаено паѓа во третиот понеделник од јануари, период во кој празниците се завршени, луѓето се враќаат во реалноста и во зимското секојдневие, каде небото е главно темно, а времето ладно. Верувањето е дека е многу често луѓето да ги фаќа т.н. постпразнична депресија.

И јас деновиве се борам со тоа чувство бидејќи во изминатите два месеца ги прележав сите можни вируси, од корона, преку грип и некој трет, се искомплицира ситуацијата до антибиотици, често сум во кревет, не сум физички активна и сето тоа ме излудува. Се разбира, има луѓе на кои им е ова многу среќен ден. Им се родило дете, се вљубиле, доживеале некаков успех.

Но, поентата е дека ретко на социјалните медиуми споделуваме кога се чувствуваме лошо. Сакаме да го прикажеме убавото светло. Така, можеби денешниот ден е добар повод да се позборува и за автентичните емоции, негативни во случајот.

Речиси да нема човек што не почувствувал тага. Има периоди во животот кога доминира тоа чувство. Дури и во текот на денот, може човек да е среќен за нешто, тажен за нешто друго што му се случило.

Како се справуваме со тагата?

Прво, да ѝ дозволиме да постои.

Емоциите се телесни реакции на надворешните или внатрешни стимулуси. Нив не можеме да ги контролираме. Она што го контролираме е нивната манифестација и нашето однесување. Ги менаџираме. Оттука наместо да ги негираме, добро е да ги препознаеме. Не би знаеле што е ноќ, ако не знаеме дека има ден, па така, за да доживееме разлика помеѓу тага и среќата, треба да ги искусиме двете.

Препознавањето на тагата е појдовна точка, да ја препознаеме и нашата потребе која стои зад таа емоција.

Зад секоја негативна емоција стои одредена незадоволена потреба. Дали е тоа за сигурност, за љубов, за почит, за потврда или самореализација. Валидирањето на тоа како се чувствуваме и препознавањето на потребите зад тие емоции е појдовна точка да ја смениме ситуацијата кон таква кава што посакуваме.

Ако сме тажни, да видиме што е причината и кои се начините да се промени ситуацијата кон таква каква посакуваме.

Има притоа две моќи што можат да ни помогнат во тоа. Моќта на грижата за себе и моќта на позитивните релации.

Моќта на позитивните релации

Сите ние имаме сопствен социјален круг. Тоа се луѓе со кои комуницираме по разни основи, соработуваме, или со кои сме во конфликт, со кои се сакаме, ги сакаме или нè сакаат. Битно е притоа да знаеме кои се луѓето кои прават да се чувствуваме убаво. Кои го поддржуваат нашиот раст и благосостојба. Дали е тоа пријател, партнер, член на семејство, или колега, но луѓе за кои на емотивно ниво чувствуваме дека се позитивни за нас. Тие релации вреди да се негуваат бидејќи секогаш се поддршка во денови кога ни е тешко. Кога сме фрустрирани дека нешто немаме во животот, тие се тоа што го имаме и се важен ресурс за нашата благосостојба.

Грижата за себе

Грижата за себе е еден од условите за добро физичко и ментално здравје.
Грижата за себе значи да се создаде време за активностите што го промовираат физичкото и менталното здравје.

Грижата за себе значи за да се создаде позитивна и негувачка врска со себе, како услов да може да градиме квалитетни релации со другите.

Но грижата за себе бара свест дека ние сме креатори на нашиот живот и најмногу од нас зависи како ќе го дизајнираме. Секој се сооочува во тек на животот со ситуации кои за него се неповолни и му предизвикуваат негативни чувства. Раликата е дали ќе потонеме во чувството на фрустрација, тага, бес и слично и ќе се чувствуваме жртва на околностите, или ќе се позиционираме кон таа ситуација барајќи алтернативи и решенија.

Токму блиската и негувачка врска со себе ќе ни дозволи себе-експлорација на емоциите и потребите, со фокус кон решенија. Наместо кон тоа што го немаме, не можеме, на проблемот, да го свртиме вниманието кон тоа што го имаме, што го можеме и кон можните решенија.

Тажниот понеделник е добар повод да се зборува за тагата. Да ѝ се даде предност да излезе, да не се потиснува.

Зборувајќи за себе, веќе ги променив амбициозните планови за годинава, во повеќе грижа за себе и сопственото здравје.

Ида Протугер, психолог, тренер за личен и организациски развој
www.idaprotuger.com

Слични објави

(Фото) Нашата Тијана Петреска се враќа со титула од светскиот избор за најубава студентка

Еспресо

(Фото) Мадона во нејзин стил се пресмета со зајадливите коментари – „Поклонете се кучки“

Еспресо

(Фото) Тажното писмо на Бланко со кое се извинува за скандалот на Сан Ремо: „Ве оставив во солзи како мајка ми, ме видовте кревок како дете…“

Еспресо

(Видео) Полуден пејач направи ‘ршум на Сан Ремо, ја шокираше публиката, го испратија со свирежи

Еспресо

Ѕвезите ќе им помогнат: Два хороскопски знаци многу брзо ќе ги исполнат соништата

Еспресо

Славчо Попоски: Грч студени утра, висок воздушен притисок, а еве кога ќе има мал пораст на температурите

Еспресо
Се вчитува....