Стефани Клифорд, амбициозна новинарка од Луизијана, која подоцна стана порно ѕвезда под псевдонимот Сторми Даниелс, моментно е најпознатата жена во САД: таа го „мачеше“ тајкунот Трамп, го испрати во затвор неговиот поранешен адвокат, му исцица пари и сега му „прети“ со лисици и тоа сè поради еден (или два, три) сексуални општења.
Thank you to everyone for your support and love! I have so many messages coming in that I can’t respond…also don’t want to spill my champagne 😜 #Teamstormy merch/autograph orders are pouring in, too! Thank you for that as well but allow a few extra days for shipment.
— Stormy Daniels (@StormyDaniels) March 30, 2023
Доналд Трамп несомнено ќе влезе во историјата на САД. Поротата во Њујорк гласаше за обвинение против поранешниот претседател. Сè уште не се знае точно за каква разнешница од судскиот спор станува збор – обвинението треба да биде јавно објавено во наредните денови. Според Си-ен-ен, станува збор за повеќе од 30 случаи на бизнис измами. „Фокс њуз“, пак, тврди дека случајот се однесува на исплати на порно актерката Сторми Даниелс и поранешната манекенка на „Плејбој“ Карен Мекдугал и за криење информации за аферите на Трамп со двете жени.
Оваа приказна веќе се сметаше за чин на мешање во изборите, но на крајот не беше покренато обвинение против Трамп, бидејќи беше одлучено дека случаите не можат да влијаат на волјата на граѓаните. Но, овојпат, сепак, Трамп е обвинет дека плаќањата ги обликувал како „правни услуги“, што може да се смета за измама.
🚨MAJOR BREAKING: Donald Trump has officially been INDICTED by a Manhattan grand jury on criminal charges relating to his illegal hush-money payment to Stormy Daniels.
Trump is the FIRST president in U.S. history to be indicted. He’ll soon be booked, fingerprinted and have his… pic.twitter.com/ZEyMDNeN0u
— Jon Cooper (@joncoopertweets) March 30, 2023
Познато е дека од утрото на 31 март, на њујоршката полиција ѝ е наредено да ја преземе контролата врз клучните објекти во очекување на можни немири и од поддржувачите и од противниците на Трамп. Станува збор, без сомнение, за историски момент – никогаш не е покрената кривична пријава против сегашен или поранешен претседател на Соединетите држави. Ова го избегна дури и „главниот грешник на Америка“ Ричард Никсон, кој поднесе оставка по скандалот „Вотергејт“. Непишаното правило дека лидерите на нацијата се неприкосновени ќе биде прекршено во случајот со Трамп.
Here are the actual photos which can be found on a reputable site but nice try. pic.twitter.com/RteyWWu3AW
— Stormy Daniels (@StormyDaniels) February 1, 2019
„Овој лов на вештерки ќе му се врати на Бајден“
„Ова е политички прогон и мешање во изборите на највисоко ниво во историјата“, објави Доналд Трамп. „Од моментот кога се симнав по златниот ескалатор во Трамп Тауер до пред да положам заклетва како ваш претседател на Соединетите Држави, радикалните леви демократи – непријатели на вредните мажи и жени на оваа земја – беа вклучени во лов на вештерки да го уништи движењето ‘Направи ја Америка повторно голема“… Демократите лажеа, мамеа и крадеа во нивната опсесија да се обидат да го „добијат Трамп“, но сега го направија незамисливото – обвинија сосема невин човек… Никогаш досега ова не е направено во историјата на нашата земја… Верувам дека овој лов на вештерки ќе му се врати на Џо Бајден“.
Следната недела се очекува Трамп да пристигне во обвинителството, а оваа постапка би можела да се претвори во скандалозно шоу. Извори блиски до екс-претседателот тврдат дека постојат притисоци врз судот на случајот да се стави крај – со лисици на рацете на Трамп и одредување притвор.
Од амбициозна новинарка до порно ѕвезда и „обвинителка“
Поранешната порно ѕвезда глумела во над 150 филмови за возрасни, но нејзиното име може засекогаш да се поврзе со нејзината улога на „голема обвинителка“ на Доналд Трамп. Стефани Клифорд, амбициозна новинарка од Луизијана, која подоцна стана порно ѕвездата Сторми Даниелс, е секако моментно најзборуваната жена во САД: таа е таа што го „мачеше“ тајкунот Трамп, го испрати во затвор поранешниот адвокат на „Трамп Организејшн“, Мајкл Коен, сè поради сексуална врска со претприемачот кој подоцна ќе стане претседател на САД.
Како што призна самиот Коен, кој поради тоа беше осуден на три години, Трамп ѝ платил 130.000 долари на поранешната хардкор филмска ѕвезда преку неговиот поранешен адвокат Коен на крајот од изборната кампања во 2016 година, со што го купил нејзиниот молк за нивната вонбрачна врска, во 2006 година. Парите ѝ биле платени на рати од по 35 илјади евра и пријавени од компанијата на Трамп како правни трошоци: оттука е потенцијалниот криминал на поранешниот претседател и кандидат на прелиминарните избори на републиканците, кој можеби и ќе ги прекрши законите за финансирање на изборите.
Двајцата се запознале на голф турнир во Лејк Тахо, Калифорнија, каде што Сторми била ангажирана како хостеса – да ги пречека познатите личности. На иницијатива на Трамп, негов телеохранител ја покани да вечера со тајкунот, за да го запознае идниот претседател на Соединетите држави. Вечерта се случила „врската“, спиеле заедно, а потоа останале во контакт, и покрај фактот што во тоа време Трамп веќе беше во брак со Меланија, која штотуку го роди нивниот син Барон.
Но, работите неочекувано се промениле – поранешната порно ѕвезда почнала да преговара со Трамп за значајна сума на пари, ученувајќи го дека има можност да се појави на телевизија за да зборува за нивната врска, хипотеза која би ја уништила секоја шанса за победа на Трамп на претседателските избори: оттука и изборот да ја замолчи со исплата од 130 илјади долари.
Како што се раскажува во нејзината биографија „Целосно откривање“, Стефани Клифорд, односно Сторми Даниелс, пораснала со разведена мајка и со сериозни економски проблеми, понекогаш не можела да ги плати сметките и често останувале без струја. Сонот за новинарството, роден уште на училиште каде го уредувала училишниот весник, завршил кога 17-годишна пријателка, стриптизета, ја убедила да се качи на сцената и да танцува со неа во еден ноќен клуб. Оттаму започнува нејзината авантура во светот на хардкор кинематографијата, каде глумела во над 150 филмови и станала режисерка и продуцент на филмови за возрасни. Во порно индустријата работела под своето уметничко име, создадено комбинирајќи го името на ќерката на нејзиниот омилен музичар – басистот на „Мотли Кру“, Ники Сикс (неговата ќерка се вика Сторми) и на нејзиниот омилен бренд на виски „Џек Даниелс“. Во меѓувреме, три пати се мажела, и тројцата сопружници ѝ биле колеги меѓу 2003 и 2010 година, а со третиот, Брендон Милер, добила ќерка во 2011 година, две години откако дефинитивно се збогувала со порно занаетот.