Не морате секогаш да додавате сирење или павлака за да ги направите тестенините сочни и кремасти – постојат трикови за да го направите вашето омилено јадење поздраво и исто толку вкусно.
Здрав сос од авокадо
Авокадото е многу здраво, богато со протеини и идеално за подготовка сосови. Направете брз сос со помош на кујнискиот блендер кој ќе го наполните со босилек, ореви и домати, блендирајте 5 минути и откако ќе добиете хомогена сме прелијте ги тестенините, пишува Дневник.хр.
Гответе ги тестенините како рижото
Кога се подготвува рижото на традиционален начин се додава малку супа за време на готвењето, поради што оризот ослободува поголема количина скроб и станува кремаст. Можете да ги подговите тестенините на истиот начин.
Тестенини со тахини
Тестениси со тахини (намаз од сусам) кој не е само корисна состојка при подготовката на хумус. Ако измешате малку тахини со бадемово млеко, соја сос, сок од лимон и мед, ќе добиете одличен сос за тестенини.
Притоа ова се и одлични 3 идеи за еден брз ручек за целото семејство.