12.8 C
Скопје
15:44 - 23 април, 2024

Братот на принцезата Дијана – Серијата „Круна“ е фикција, должен сум да предупредам на тоа!

дијана принцеза

Чарлс Спенсер, братот на принцезата Дијана, отворено изрази незадоволство откако погледнал само една епизода од популарната серија „Круна“. Тој тврди дека љубителите на оваа серија траба да знаат дека „Круна“ е фикција.
Имено, серијата „Круна“ ги следи интригите на британското кралско семејство низ историјата, а во четвртата сезона се базира на ерата на никогаш прежалената принцеза Дијана.
За многумина ова е дел од серијата кој најмногу го очекуваа, а изгледа дека токму тој му зададе најмногу главоболка на кралското семејство.

Фото: EPA/LASZLO VARGA


Монархијата е лута најмногу поради тоа на кој начин е претставен принцот Чарлс, а сега и братот на принцезата Дијана, Чарлс Спенсер отворено зборуваше за своите импресии.

Братот на принцезата Дијана, Чарлс Спенсер, Фото: Инстаграм


„Серијата главно се држи до фактите, но оние важните делчиња измеѓу не се факти. Продуцентите ме прашаа може ли да снимаат во нашиот семеен дом, но не го одобрив тоа. Ме загрижува тоа што луѓето гледајќи ја серијата забораваат дека сето тоа е фикција. Дел од публиката ја доживува серијата како лекција од историјата, но таа не е тоа и моја должност е да предупредам на тоа“, изјави братот на починатата принцеза Дијана.

Слични објави

(Видео+фото) Ќеркичката на Никола Роквиќ плаче додека се збогува со својот татко кој тргна пеш за Грција на пат долг 1.150 километри

Еспресо

(Фото) Марко „Дај побрзај“ стана татко: Се родија близнаците Вања и Веда

Еспресо

(Фото) Прошталната порака на ќерката на Бојана Јанковиќ ја кине душата: Наследничката на покојната водителка се скрши! 

Еспресо

(Фото) Дали ќе го препознаете? Ќерката на Ален Делон сподели како изгледа денес

еспресо

Цеца и Жељко Јоксимовиќ снимаат дует: На радост на фановите, веќе влегоа во студио!

еспресо

Астропрогноза за вторник, 23 април: Овните да ги контролираат зборовите, Стрелците да побараат прошка

еспресо
Се вчитува....