22.8 C
Скопје
15:11 - 28 март, 2024

Пол Макартни откри како се запознал со Џон Ленон: Бевме како јинг и јанг

Случајна средба во автобус била најава за почеток на едно големо пријателство, кое на светот ќе му ги даде „Битлси“ и најубавите музички хитови.

Пол Макартни во едно интервју за Би-би-си радио 2 се потсети на почетоците на Битлси и како првпат го забележал Џон Ленон во автобус.

Profimedia

Го видов неколкупати и си помислив: „Ох, ова е интересно момче“. Подоцна го видов во една продавница за храна, каде што купуваше риби и чипс и ми текна дека е истото момче што го гледав во автобус. Беше навистина „кул“ млад човек – вели музичарот.

Тинејџерот Макартни немал поим дека таа средба еден ден ќе прерасне во прекрасно пријателство, од кое ќе се „роди“ најплодната музичка соработка на сите времиња. Всушност, тој само знаел дека со Ленон имаат ист вкус за мода, бидејќи и двајцата го обожавале тогаш многу модерниот стил „Теди бој“, карактеристичен по долгите палта, полудолгата коса залижана наназад со многу гел и тесните фармерки.

Profimedia

Не знаев ништо за него, освен дека изгледа многу модерно. Имаше долги бакенбарди и косата му беше залижана наназад со гел, и тоа беше сè што знам за момчето кое неколкупати го сретнав во автобус и го видов како купува риба и чипс.

Но, тоа се сменило кога нивниот заеднички пријател Иван ги запознал на еден црковен панаѓур во јули 1957 година, каде што Џон со својот бенд „Квермен“ имале настап. Макартни се дружел со нив вечерта, а од тој момент пријателството со Ленон почнало да се развива и тие почнале да работат на некои песни.

Иако и двајцата потекнуваат од Ливерпул, сепак нивното семејно потекло е различно. Додека Макартни имал големо семејство, во кое сите биле многу блиски и посветени на музиката, Ленон имал потежок живот, откако на пет години бил одземен од мајка му Џулија и доделен на тетка му Мими да се грижи за него.

Profimedia

Подоцна дознав, во споредба со мене, колку потежок живот имал – изјави Макартни и додаде дека Ленон ја идеализирал Џулија и многу му било тешко што не живеел со неа и со полусестрите. И покрај тоа, Макартни вели дека во споредба со другите момчиња од групата, Џон бил елегантен и модерен, бидејќи живеел во едно од поскапите предградија на Ливерпул.

И додека Макартни, Ленон и нивните пријатели од бендот Џорџ Харисон и Ринго Стар немале никакво формално музичко образование, Пол смета дека тоа била нивна предност, бидејќи „Битлси“ заедно учеле, од нула, како да компонираат, да свират и да снимаат музика.

Пол Мекартни со синот и сопругата на Џон Ленон/Profimedia

Кога ќе погледнам на тие денови, ама од перспектива на обожавател, си велам: „Колку бев среќен што го запознав непознатото момче од автобусот и тоа ја свиреше истата музика како мене“. Ние подоцна се зближивме и кога работевме постојано се надополнувавме. Бевме како јинг и јанг – завршува Макартни.

Слични објави

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ првпат „уловена“ со новиот дечко: Пејачката ужива во љубовта со познат кошаркар

Еспресо

Прва објава на Тони Бијелиќ за разводот со Драгана и неговата љубовница: Отсекогаш сум бил чесен и достоинствен!

Еспресо

Богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони! Од имотот, бизнисите и автомобилите на пејачката и Тони ќе ви се сврти во глава

Еспресо

„Официјално сум разведен“, Харис Џиновиќ излезе од суд и порача: Мелина е никаква, не простувам неверство!

еспресо

Големо изненадување: Пет хороскопски знаци кои ќе доживеат драстични промени во април

еспресо

(Фото) Саудиска Арабија за првпат на Мис Универзум: Оваа убавица го направи историскиот чекор

еспресо
Се вчитува....