13.8 C
Скопје
16:51 - 25 април, 2024

Ова се најпопуларните патики на сите времиња: Култните обувки кои се појавија дури 648 пати на филмското платно

Познатите личности, како Курт Кобејн и Елвис Присли, редовно ги носеа овие патики… Овие патики беа заштите знак на многубројни супкултури и обележје на разновидните трендови. Беа многу популарни во втората половина на 20-от век, а и денес многумина ги носат.

Станува збор, нормално за старките.

Приказната за овие славни патики датира од 1908-та година кога Маркис Милс започнал да произведува обувки, кои, за разлика од останатите во тој период, содржеле голем процент на гума. Тогаш биле направени патиките со многу едноставен дизајн од платно и гума, истите кои ги знаеме и денес.

Можеме слободно да кажеме дека старките и кошарката се развиваа истовремено и добија голема популарност. Во тој ист период старките ги носеле речиси сите познати кошаркари. Американскиот кошаркарски тим на Олимписките игро носеше бели старки со црвени и сини елементи, како боите на нивото знаме. Овој модел на старки стана симбол на патриотизам во Америка за време на Втората светска војна.

По војната, црните и бели старки станаа заштитен знак на сите професионални кошаркари. Парот старки стана „must have“ за сите средношколци и студенти кои кошарката ја сфаќаа сериозно.

Откако веќе го освои светот, во 1957-та година „Converse“ ги претстави оксфордките, односно плитките старки. Овој тип на патики стана достапен во разни бои, со што доби огромна популарност меѓу пошироката популација и за сите оние кои преферираа поопуштен стил.

Старките продолжија да доминираат и во текот на шеесетите години од дваесетиот век. Поради својот едноставен дизајн тие станаа омилени меѓу многу големи имиња од музичката индустрија, особено меѓу панкерите. Незаобиколив моден детал на групите како што се „The Ramones” и „The Sex Pistols”, а во деведесетите и „Nirvana“.

Покрај тоа што ги носеа многу познати личности, како Елвис Присли, Џорџ Харисон, Курт Кобејн, старките се појавија дури 648 пати на филмското платно. Еден од првите филмови каде старките се многу присутни е и Брилијантин (The Grease).

Богатата историја не брендот, нивното значење во разни супкултури, вонвременската популарност меѓу познатите личости, крајно едноставниот дизајн, специфичната индивидуалност, сето тоа се атрибути поради кои старките станаа култни.

Се чини дека поради својот универзален, а сепак уникатен, богат, а така едноставен, долготраен и секогаш модерен идентитет старките ќе живеат вечно.

Дали и вие сакате да носите старки? Споделете со нас во коментарите….

Слични објави

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо

Откриени детали од судењето на Гоца Тржан и Маја Николиќ: Пејачката е подготвена за војна со инфлуенсерката

jasmina.kantardzieva

(Фото) Мина го покажа лицето на синот што го доби со Амиџиќ: Тој е плод на најголемата љубов што сум ја почувствувала во животот

Еспресо

(Видео) Вељко го исполни ветувањето: Расплакана Цеца му шепна емотивни реченици на синот по мечот

Еспресо

Канје Вест се впушта во порно бизнис, отвора студио: Советничка му е ексљубовницата на Трамп,Сторми Даниелс

еспресо
Се вчитува....